Достапни линкови

Расте огорчувањето во Хрватска


Во Хрватска огорчување поради словенечката блокада на хрватските пристапни преговори со ЕУ. За прав пат некои граѓани ги блокираат за виозврат словенечките производи. Во јавноста преовладува мислење дека Хрватска е во право и дека сторила се што можела за да се реши граничниот проблем што пак е повод за постапката на Љубљана. Сепак некои аналитичари предупредуваат дека Загреб требаше да го реши проблемот со Љубљана порано.

Хрватската Влада уште еднаш го отрли барањето на Словенија во идната поступка пред Меѓународниот суд за правда да не користи документи кои ги користела во приступните преговорима со ЕУ, и да не го преудицира ни во еден документ решението на граничниот спор со Словенија. Познато е дека во петокот поради проблемите околу границата и поморската зона Словенија стави вето на отворање на 9 од предвидените 10 поглавја и дозволи да се затворат 3 од предвидените 5 поглавја во преговорите меѓу Хрватска и Европската Унија. Поголемиот дел од хрватската јавност е огорчена, иако можат да се слушнат и мислења дека Хрватска требаше да вложи повеќе труд порано да го реши проблемот со границата затоа што на крајот ке мора да се најде заедничко решение. Претседателот Стипе Месиќ


Ние мораме да го решиме проблемот, но во секој случај не можеме однапред да се согласиме да се откажеме од доказите со кои го покажуваме нашето право. Тоа не е патот кон решение на проблемот.

Хрватската влада тврди дека во ниту еден документ не ги преудицира отворените прашања со Словенија и дека тоа се билатерални спорови а не спорови со ЕУ. Како и да е премиерот Санадер тврди дека темпото на преговорите Загреб – Брисел нема да биде намалено.И додека Хрватите се зачудени како тоа единствено соседот од сите 27 земји на Унијата ги блокира кога милион словенци летувале на хрватскиот брег, некои го поставуваат прашањето можеше ли и поинаку. Професорот по европски интеграции на Загребскиот Факултет по политички науки Дамир Грубиша вели.



Не верувам дека Хрватска во овој момент можеше битно поинаку. Тоа што е битно е дали можеше пред тоа да го реши спорот со границите со Словенија окака како започна билатерално, а тие преговри беа прекинати поради изманипулирани негативни реакции од јавноста. Хрватска прва попушти кога ја прекина потрагата по билатерално решение. Тогаш тоа предизвика неационализам во Словенија и политичка манипулација.

И како што бива некои хрватски граѓани ја започнаа веке видената работа на Балканот. Бојкот на производите на ониј другиот.

Јас веке долго бојкотирам. Треба да се бојкотираат. Тие го имаат комплексот од Хрватска.
XS
SM
MD
LG