Достапни линкови

Додека трае истрагата не треба да се отфрла ниту една можна причина за нападот, оценуваат експертите


Во близина на Скопје во месноста Кучевишки пат полицијата го пронашла возилото со кое што вчера беше извршен нападот врз Алфите во кој загина едно лице соопшти поратролот на МВР Иво Котевски. Во текот на нокта и утринава на подрачјето на Скопје и Куманово полицијата ппривела околу 40 лица информира Котевски

„Кај дел од нив беше пронајдено оружје кое незаконски го поседувале. Станува збор за автоматско оружје, автоматски пушки, пиштоли кои дополнително ќе се вештачат,“

вели Котевски и додава дека засилените контроли во главниот град и на граничните премини проидолжуваат се до расветлувањето на случајот. И додека полицијата веднаш по убиството излезе со претпоставка дека најверојатно нападот е одмаза поради акциите на министертвото против организираниот криминал дел од експертите се воздржани. Според аналитичарот Мерсел Биљаљи додека трае истрагата не треба да се исклучи ниту една можност.

„Може да биде извор на реакции поради борбата против организиран криминал, може да биде криминално дејство друго, може да биде порака, може да биде и порака со политичка содржина.“

Професорот на Факултетот за општествени науки Стефан Буџаковски пак смета дека позади ваквите напади најверојано стојат припадниците на организираниот криминал:

„Ова е само предупредување до полицијата да не ги чепка одредени сегменти на организираниот криминал. Едноставно да не презема одредени мерки за откривање на тие кривични дела поврзани со носителите на организираниот криминал.“

Инаку ова е второ убиство врз припадник на специјалните полициски единици годинава. Ескпертите со поделени мислења како може да се спречат ваквите напади. Според Буџакосвки најдобра превенција е ефикаснота на полицијата во сузбивањето на организираниот криминал. Тој оценува дека засега има напредок во таа насока:

„Меѓутоа, кај полицијата фали еден сегмент на допрофесионализација. Односно, доедукација на полицискиот состав за примена на овие современи мерки коишто ги предвидовме со законот за кривична постапка.“

Спречувањето на инцидентите долгорочно е повеке прашање поврзано со политиката отколку со акциите на минсистертвото за внатрешни работи смета Биљаљи:

„Политиката, ако не е принципиелна во однос на борбата против организиран криминал. Ако имаме партиска држава, ако имаме дејства кои асоцираат на политички разлики меѓу групите и луѓето, тоа значи дека има потенцијален извор за појава на незадоволни групи кои мислат дека и тие средства се добри.“
XS
SM
MD
LG