Достапни линкови

Анти ракетниот систем и иранската нуклеарна програма топ теми на разговорите


Анти ракетниот систем во Полска и Чешка, Иранската нуклеарна програма се топ темите на денешните разговори во Москва меѓу американскиот државен потсекретар Вилијам Барнс и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Барнс е највисок американски дипломат кој ја посетува Москва по заострувањето на односите по руско – грузиската војна.

Американските и руските дипломати разговараат за прашања вклучително и за последиците од грузискиот конфликт кога Русија испрати сили во Грузија, која важи за американски сојузник на Кавказот. Русија исто така се противи на американскиот план за поставување систам на анти ракетен штит во Средна Европа, односно на териториите на Полска и Чешка. Шефот на руската дипломатија сугерираше дека Русија би можела да се повлече од плановите да постави тактички ракети во руската енклава Калининград и на границата со Полска доколку не биде поставен и американскиот систем.

„Доколку третиот американски одбранбен ракетен систем биде поставен и физички способен да биде закана за руската безбедност, ние ке ги распоредиме ракетите Искандер во Калининград.“

На оваа најава реагираа Европската Унија, Нато и Вашингтон. Вчера во Москва допатува финскиот министер за надворешни работи Алакесндар Стуб. Лавров вака коментираше.

„Нема потреба од загриженост. Доколку сите во Европа веруваме во потреба од воспоставување безбедносен систем кој не загрозува ничии интереси имаме време да ја утврдиме вистинската, а не имагинарната закана за Европа и да направиме колективни, а не унилатерални одуки. “

Сергеј Лавров и Вилијам Барнс денеска во Москва ке разговараат и за состанокот на 6 те свестки сили кој во кон крајот на оваа недела треба да расправа за мерките да се убеди Иран да ја прекине програмата за збогатување на ураниумот. Во таа насока во Прага вчера зборуваше генераниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеј

„Што порано протагонистите, пред се, Соединетите Држави и Иран се состанат и разговараат за мерки за доверба, за тоа како на Иран да му се обезбедат безбедносни гаранции и како Иран да обезбеди мерки дека нема да направи нуклеарно оружје, тоа порано и ние ке имаме решение за кризата.“

Состанокот на 6 те сили за иранското нуклеарно прашање ке биде одржан во Париз.
XS
SM
MD
LG