Достапни линкови

Неизвесноста сепак е присутна, а пресудна улога на изборите ќе има расниот момент


И последните истражувања на јавното мислење пред претседателските избори во Соединетите Држави покажуваат дека кандидатот на Демократите Барак Обама има предност пред републиканецот Џон Мек Кејн. Меѓутоа, во минатото некои проценки се покажаа за неточни, а според одредени мислења, расниот и верскиот фактор односно потеклото на Барак Обама може да игра улога.

Истражувањта на реномирани агенции покажуваа разлика во корист на демократскиот канидат за Претседател Барак Обама од 5 до 9 насто, а некои и повеке. Токму затоа, за некои, експерти исходот од изборите во Соединетите Држави е извесен .Меѓутоа и самиот кандидат републикнецот Џон Мек Кејн во интервју за НБЦ ги доведе во прашање таквите прогнози.

„Не се согласувам со заклучоците на агенциите дека заостанувам 11 па и 14 насто. Сметам дека резулатот на Зогби дека заостанувам 3 – 4 насто е реалистичен. Но ние ја намалуваме предноста.“

изјави Мек Кејн, кој веројатно како и други стручњаци ги има во предвид погрешните проценки во минатите кампањи. Така Вашингтон Пост минатиот декември и даде предност на Хилари Клинтон во однос на Барака Обама па таа изгуби од него на партиските избори во Ајова. Потоа Зогби му даде на Обама предност од 10 проценти па тој изгуби во партискиот натпревар од Хилари Клинтон во Њу Хемпшир. Веројатно клучна енигма е потеклото на Барак Обама однсоно која улога ке ја игра расниот момент на изборите. Имено во последните 25 години се покажа дека е несигурно кога е во прашање успехот на црниот кандидат. Тоа се вика Бредлиев ефект, по Том Бредли некогашпен градоначалник на Лос Анџелес, кој на изборите за Гувернер на Калигфорнија во 1982 иако убеливо водеше, загуби од Џорџ Дукемијан кандидат на Републиканците затоа што доби многу помалку гласови од белците. Проблемот е во тоа што многу од белците, стравувајки дека ке бидат обвинети за расизам, во анкетите велат дека ке гласаат за црниот кандидат, а на самите избори го прават спротивното. Како и да е, сега 88 насто од белите гласачи велат дека расното потекло нема да игра улога на овие избори. Второ работа е верата. Иако е христијанин, средното име на Барак Обама е Хусеин, распорстрането име во муслиманскиотѕ свет. Но, тоа и римувањето на името Обама – Осама што асоцира на Бин Ладен лидерот на терористичката Ал Каеда а што можеше да се слушне за време на еден од митинзите на Сара Пеилин кандидат на Републиканската Партија за Потпредседател, Обама настојува да го гледа од поведрата страна.

„Во духот на целосното отворање, еве неколку изненадувања што ги слушнавме во Октомври. Најпрвин моето средно име не е она што мислите. Тоa всушност е Стив. Барак Стив Обама.“

Освен расата и верата, истраживачите можат да бидат изненадени и излезноста на младите. Тие за двојно повеќе го подржуваат Барак Обама од Џон Мек Кејн, и доколку излезат помалку одколку што се предвидува исходот на изборите може да биде крајно неизвесен.
XS
SM
MD
LG