Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ сеуште без став за резолуцијата, НСДП обвинува дека власта бега од расправа


Предлогот на резолуцијата за решавање на спорот со името е ставена на дневниот ред на утрешната собраниска седница но како последна 12 точка. Од ВМРО ДПМНЕ ги негираат вчерашните гласини дека како владеачката партија инситираат да пратениците да не раправаат за името се додека државниот врв не излезе со заеднички усогласен став. Илија Димоски вели дека неговата партија сеуште нема доненесо заклучок како ќе постапат во врска со резолуцијата:

„Веројатно тоа денеска – утре, на редовните координации коишто ги држи пратеничката група ќе се дефинира нашиот став околу резолуцијата на НСДП. Оттука, јас не би навлегувал повеќе во коментари поради тоа што би биле лична перцепција на тој потег.“

Тито Петковски претседателот на НСДП партијата која ја поднесе резолуцијата пак тврди дека ставањето на дневен ред како последна точка е намерно смислен потег :

„По некое непишано правило претседателот на Собранието, во договор со премиерот, бидејќи тој самостојно не може да носи одлуки од такво значење, точките за кои нема намера парламентарното мнозинство и ВМРО ДПМНЕ да расправаат обично ги ставаат како последни точки со намера никогаш да не дојдат на дневен ред.“

На прашањето какви се неговите очекувања, дали утре пратениците ке распрваат за резолуцијата Димоски со кус одговор:

„Тоа се веќе процедури.“

И додека Димоски не го презицира ставот на партијата за потребата пратениците да дискутираат за решавање на спорот со името се додека не се координираат Петковски вели дека целта на една таква расправа би била да се формира јасна држвна стратегија околу тоа прашање.

„Кога ќе заврши седницата, откако ќе ја усвоиме резолуцијата, сите носители на меѓународна активност, надворешната политика на државата мора да настапуваат единствено, да нема разлики меѓу премиерот, претседателот или политичките партии меѓу себе да лицитираат кои се предавници, кои се спасители.“

Претседателот и премиерот пак по минатонеделната координација на која не го утврдија заеднички став за последниот пакет идеи на медијаторот Нимиц најавија нова средба за неделава. Денеска не се знаеше кога би се одржала координацијата по која мора да се излезе со реакција бидејки медијаторот според најавата забелешките ги очекува до крајот на неделава. Првичните оценки на Црвенковски и Груевски беа дека некои делови од предлогот кој Нимиц им го достави на преговарчите на 8 месецов се неповолни за Македонија.
XS
SM
MD
LG