Достапни линкови

Огромни штети за меѓународното позиционирање на Македонија, оценуваат експертите


Речиси шест месеци одкога Косово прогласи незавинсот прашањето за неговото признавање како топ тема го држат партиите на албанците во земјава. Во македонскиот политички блок пак најчесто корситен термин е евроатланските интеграции а обвинуњата мегу спротивните табори се сконцентрирани на спорот со името со Грзија и начинот на кој треба да се водат преговорите. Иако овие прашања се надворешно политички сепак дел од експертите сметаат дека партиите и од опозицијата и од власта нив ги користат за остварување на внатрешно политички цели. Според универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски користењето за внетрашни цели на прашањата кои се дел или задираат во областа на надворешната политика е чест случај кај нас а како што вели во последно време тоа се случува и отворено

,,Тоа е нормално во држава каде што политиката се подразбира исклучиво како борба за власт, а не и како средство за остварување на заедничките цели на граѓаните на државата."

Дневно политички потреби и маркетинг за такви цели партиите ги користат надворешно политичките прашања- смета професорот од Штуловиот универзитет Јетон Шасивари. Анализирајки го односот на актулената владечка гарнитура во врска со признавањето на Косово Шасивари вели

,,ВМРО ДПМНЕ намерно тактизира со цел кај албанските политички партии да створи простор за нивна меѓусебна дебата и на тој начин политичките партии да влезат во полето на политичкиот маркетинг."

Според Шасивари пример дека водењето на надворешната политика само врз основа на внатрешно политички интереси може да и влијае лошо врз имиџот на земјава на мегународен план е тоа што во призвањето на Косово ние заостануваме од трендот кои го наметнаа Соединетите Американски Држави и највлијателлните членки на Евроспката Унија. Тие веднаш по прогалсувањата за признаа независнота а ние иако сме сосдеи сеуште немаме конкретен став вели Шасивари

,,При водење на надворешната политика треба да се раководат и од други основи и фактори, особено регионалната политика, европската политика, па и пошироко."

Внатрешна и надворешна политика се замено поврзани но ваквиот однос на политичарите и нанесува голема штета на меѓународната позиција на земјата смета и професорот Јанкулосвки

,,Секако и штети на државата во контекст на меѓународното позиционирање и во одност на приоритетите зацртани во надворешната политика. Да, штетите се огромни и мислам дека ги чувствуваме."
XS
SM
MD
LG