Достапни линкови

Каква ќе биде пресудата во единствениот хашки случај од Македонија?


Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и неговиот помошник за безбедност , Тарчуловски беа судени за воени злосторства за кои се тврди дека биле извршени во текот на август 2002 година во селото Љуботен под нивна команда. Бошковски се товари врз основа на кривична одговорност од позиција на претпоставен а Јохан Тарчуловски со лична кривична одговорност. Според обвинителниот акт , на 12 август 2001 полициски единици под контрола на Тарчуловски извршиле противзаконски напад на Љуботен во текот на којшто загинале седум мажи од албанско етничко потекло, најмалку 14 куќи биле намерно запалени и повеќе од 100 мажи, етнички Албанци, жители на селото биле притворени и подложени на тепање, понижување и малтретирање. Исто така се тврди дека Бошковски во својство на Министер за внатрешни работи знаел или имал причина да знае дека неговите подредени извршиле кривични дела и тој како претпоставен не презел неопходни и разумни мерки да ги казни сторителите.
Обвението против двајцата обвинети беше покренато пролетта 2005 година. Судењето започна на 16 април 2007 година со изнесување докази од страна на обвинителството што заврши на 6 декември 2007. изнесувањето на доказите од страна на одбраната започна на 30 јануари 2008 и заврши на 18 март годинава. Завршните зборови се одржаа од 6-8 мај. Во процес кој траеше повеќе од една година се појавија 80 сведоци , дел од нив само со пишани изјави. Од нив поголемиот број беа на обвинителството. На изречувањето на конечната пресуда од страна на хашките судии му преходи разгледување на над 3000 изнесени докази.
Ова е единствениот предмет на меѓународниот суд во врска со седуммесечниот конфликт во македонија во 2001-та. Двајцата обвинети поминаа околу три и пол години во затворот во Шевенинген. Хашкото обвинителство бара тие да бидат казнети со високи затворски казни од 12 и 15 години. Одбраната се надева на ослободителна пресуде бидејќи како што веќе изјави адвокатката на Љубе Бошковски обвинителството не успеало да докаже ниту една точка од обвинението.
Во меѓувреме Македонија ја симна активната потерница за поранешниот министер за внатрешни работи а исто така и Хрватска ја стави во мирување потерницата за случајот Раштански лозја. Македонското министерство за правда уверува и дека се во напредна фаза праговорите за враќање на случајот раштански од судот во Пула.
XS
SM
MD
LG