Достапни линкови

Можно е извесно задоцнување за членство на Хрватска во ЕУ, но политичката одлука е веќе донесена


Сите политички фактори во Хрватска, како владејачките, така и опозицијата, не очекуваат застој во преговорите за хрватското членство во Европската унија по ирското не на Лисабонскиот договор. Аналитичарите пак, се согласуваат дека би можело да дојде до извесно задоцнување, но оти политичката одлука за прием на Хрватска веќе била донесена.

Интерес на Европската унија е да се прошири на Балканот, но без ратификација на Лисабонскиот договор не може да дојде до тоа, вклучувајќи ја Хрватска, изјави неодамна францускиот претседател Николас Саркози чија земја е претседавач на Унијата. Но, за разлика од него хрватскиот премиер Иво Санадер е уверен дека хрватскиот пат до Европа ќе ќе биде со очекуваното темпо:

„Морам да кажам дека сум оптимист оти Европската унија ќе најде решение. Но, и доколку тоа не се случи, Хрватска е на сигурна страна. Хрватска нема никакви причини да се сомнева во својата европска иднина.“

Вели Санадер. Политичкиот аналитичар Давор Џенеро пак, констатира дека ирското отфрлање на Лисабонскиот договор је усложни работата, но оти нема да влијае врз основниот политички процес:

„Сосема е очигледно дека членството на Хрватска во Унијата е завршена работа. Останува уште спроведувањето на претпристапните реформи.“

Претседателот на опозиционата Социјалдемократска партија Зоран Милановиќ верува дека е можно завршување на преговорите до есента догодина по што, доколку се се одвива како што треба Хрватска ќе стане членка на Унијата.

„Ќе влеземе една година или две подоцна. В ред ќе бидеме поподготвени и поотпорни. Нема причина да стане полноправна членка, но никој веќе не треба да се игра со датумите кога тоа ќе се случи.“

Вели Милановиќ. Аналитичарот Џенеро додава дека е очигледно оти Хрватска денес има посебен статус кога е во прашање односот на Европската унија спрема регионот на Западен Балкан:

„Очигледно е дека на сите им е јасно оти процесот на транзација кој почнува во Србија не гарантира нејзино брзо влегување во Унијата, дека процесите во Македонија се неповолни и оти политичката ситуација во Босна е сосема блокирана. Во такви услови на Хрватска веќе не се гледа како на дел од регионот.“

заклучува аналитичарот Давор Џенеро.
XS
SM
MD
LG