Достапни линкови

Глобалното движење на цените најмногу ќе го почувствуваат сиромашните, велат експертите


Двоцифрената инфлација, зголемениот трговскиот дефицит, најавите за поскапувања на електричната енергија, континуираниот раст на нафтата се само дел од движењата кои веќе подолго време ги чувствува и македонската економија. Експертите во оваа област велат дека економскиот систем во земјава е отворен и неможе да се изолира од глобалните економски движења.

„Земјата е отворена, увозно зависна, посебно од енергија. И кога производството е поврзано со увоз на суровини за извоз на производи, тогаш тоа е поврзано со глобалното движење на цените, кои осцилираат, а посебно се поврзува со глобалните движења, раст на цените на енергенсите и на храната,“

изјави универзитетскиот професор Јован Пејковски

Некои од економските шокови се предизвикани од нерационалното користење на ресурсите, но некои од надворешни фактори врз кои не може да влијаеме, вели проф. Абдулменаф Беџети, според кој домашниот економски потенцијал за справување со овие појави не е доволно искористен.

„Недостигаат инвестиции, претприемништво, квалификуван менаџмент и многу фактори кои треба да го употребат тој потенцијал.“

Економските експерти предупредуваат дека влијанието од глобалбите економски шокови сепак најмногу ќе го почувствуваат граѓаните.

„Ние и немаме просечна класа, таа ни се стопи. Токму сиромашниот слој најмногу ќе биде на удар.“

Ваквите прогнози ги потврдуваат граѓаните, за кои станува се потешко да го поминат месецот.

„Сметките, тоа најмногу ќе не удри по џеб.“
„Пензијата е фиксна, се поскапува, а пензијата не оди горе.“
„Кога видов вода 3,500, струја 5, што да купам!?“


За да се ублажи негативното влијание врз македонскиот стандард, експертите посочуваат мерки.

„Поттикнување на вработувањето, пораст на продуктивноста, намалено количество на енергија во производството, смалено количество на енергија во вкупната потрошувачка,“

вели проф. Пејковски

Последните податоци од заводот за статистика покажуваат дека инфалцијата во земјава изнесува 10 проценти. Трговскиот дефицит во првите пет месеци од годината изнесува нешто повеќе од милијарда и 150 милиони долари.
XS
SM
MD
LG