Достапни линкови

Правните експерти очекуваат многубројни проблеми


Правните експерти сметаат дека доцнењето во воспоставувањето на мисијата Еулекс на Косово би довело до многубројни проблеми по петнаесетти јуни кога во сила стапува Уставот на новата држава. Тие предупредуваат дека поради нејаснотиите во кои се најдоа меѓународните мисии може да се доведе под прашалник и функционирањето на косовските власти на целата територија.

Најавата дека мисијата на Европската Унија, Еулекс би можело да биде одложена до наесен, како што беше наведено на деновиве одржаниот министерски состанок во Брисел, на Косово е дочекана со скептицизам со оценка дека тоа би довело до дестабилизација на состојбата. Од друга страна, можноста за заедничко дејствување на Еулекс и на УНМИК, како што се додава, може да ја минимизира улогата на косовските институции. Стручњакот за уставно право Авдулах Робај смета дека одлагањето на мисијата би била неоправдана:

„Ваквите неразјаснети ситуации донесуваат две лоши пораки. Како прво му се овозможува на Белград и натаму да има улога на Косово, а од друга страна институциите на Косово се хендикепирани бидејжи не можат да ја спроведат власта на целата територија во предвидениот рок.“

Шефот на италијсната дипломатија Франко Фратини деновиве изјави дека Еулекс може да биде одложен за неколку месеци поради дипломатски несогласувања.
Политичкиот аналитичар Дритон Љаиќи прецизира дека тешкотиите во воспоставувањето на мисијата доаѓаат поради несогласувањата во Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој изразува загриженост дека со тоа ќе се стави под прашалник и самата незавинсот на Косово.

„Ваквата состојба ќе го отежне спроведувањето на законите од предлогот на Марти Ахтисари, ќе бидат нејасни овластувањата на косовската влада и ќе го доведе под сомневање и Уставот.“

Од друга страна, претставници на србите се противат на Еулекс мисијата без одобрување од Советот за безбденост. Според Оливер Ивановиќ, еден од политичките лидери на косовските срби, избрзаната одлука на Европската унија да ги формира силите на Еулекс ги загрозува сите граѓани на Косово.

„Состојбата е многу тешка, бидејќи УНМИК одамна почна да го намалува персоналот, а тоа важи и за полицијата. Еулекс не е во состојба да ги преземе нивните функции и со тоа се прави безбедносна дупка, од која најмногу се плашат србите.“

наведува Оливер Ивановиќ.
XS
SM
MD
LG