Достапни линкови

Белата куќа ги поддржува напорите на Јадранската група за членство во НАТО


Американскиот Претседател Џорџ Буш смета дека проблемот околу името меѓу Македонија и Грција е решлив до самитот на НАТО во Букурешт и дека двете страни тоа треба да го направат. Подготовките за самитот забрзано течат. Земјите од Јадранската група се надеваат на покана за членство, а на поблиски врски преку Акционен План за членство во Алијансата се надева и Грузија.

Американскиот претседател Џорџ Буш е оптимист и се надева дека Македонија и Грција ќе изнајдат решение за спорот со името пред самитот на НАТО во Букурешт. Ова синоќа го изјави портпаролот на Белата куќа, Дејна Перино, одговарајки на прашање на грчки новинар дали претседателот е загрижен што на десетина дена до самитот прашањето останува нерешено.

„Секако. Претседателот се надева дека ќе дојде до договор пред самитот на НАТО, бидејки тој верува оти ова прашање е решливо и дека тоа е нешто што треба да се направи пред крајот на овој месец.“

На прашањето пак дали Буш ке превземе некаква иницјатива во последен момент портпаролот Дејна Перино изјави дека американскиот државнен секретар Кондолиза Рајс денеска треба да го информира претседателот Буш за сите прашања за кои ќе се разговара во Букурешт.

„Јас знам дека државниот секретар Кондолиза Рајс разговараше со претседателот, а ке разговара и денеска за нејзиното последно патување. Јас сум сигурна дека нема да разговараат само за Русија туку и за престојниот самит на НАТО.“

Белата куќа ги поддржува напорите на Македонија, Албанија и на Хрватска за нивно зачленување во Северноатлантската алијанса, како и Акциониот План за членство на Грузија. Во Вашингтон синоќа беше Грузискиот Претседател Микаил Саакашвили, кој, како што изјави претседателот Џорџ Буш, ја доби американската подршка за аспирациите за членство во НАТО.

„Верувам дека НАТО ќе има корист од членство на Грузија. Веруавм дека Грузија ќе има корист од членството во НАТО. Јас му реков на Претседателот дека тоа е пораката која ќе ја однесам наскоро во Букурешт.“

Џорџ Буш изрази благодарност за учеството на Грузија во мисијата во Ирак каде се стацинирани 550 грузиски војници.
XS
SM
MD
LG