Достапни линкови

Mожни се обиди за манипулација и поттикнување конфлкти во Македонија, оценуваат експертите


Исламската верска заедница во земјава го осудува однесувањето на лицата кои на ѕидовите од џамијата Фазил Ахмед Паша во Велес испишале заканувачки пораки кон припадниците на албанската етничка заедница во Македонија. Поглаварот на ИВЗ, реис Сулејман Реџипи вели дека пораките ги испишале група криминалци, чија цел е да ги нарушат релаксираните меѓуетнички односи во земјава.

„Ние се надеваме дека надлежните органи во државата веројатно ќе преземат мерки, такви појави и однесувања да не се појават во другите верски објекти. Нема да дозволиме во оваа држава како што се релаксирани меѓуетничките односи.“

Пораки со навредувачлка содржина биле испишани и на влезот од редакцијата на весникот „Факти“. Експертите во земјава велат дека не се изненадени од провокациите, оти како што велат тие се очекувани поради последниот развој на настаните на Косово. Поддршката на косовската независност од страна на Албанците во Македонија и стравот на Македонците дека тоа би предизвилао нестабилност во земјава, е поволна подлога за можни меѓуетнички тензии, вели Дане Талески од Институтот за демократија:

„Факт е дека независноста на Косово создава различни мислења и дека тоа може да биде манипулирано за појава на одредени конфликти и во Македонија.“

Не очекувам меѓуетнички тензии во внатрешноста на земјата, вели политичкиот аналитичар Хисен Рамадани. Но она што според него е реална опасност е приливот на одредени структури од надвор, кој многу веројатно би добиле поддршка тука.

„Треба да се создава амбиент што нема да се подгрева таа можност за ескалација на кризни состојби.“

Од министерството за внатрешни работи велат дека во тек е истрагата за лицата кои ги напишале заканувачките пароли во џамијата и во Факти. Засега немаат информации за истите појави на други места. Според пследните истражувања на јавното мислење само еден процент од граѓаните во Македонија ги сметаат етничките разлики за проблем.
XS
SM
MD
LG