Достапни линкови

Македонските и албанските експерти поделени за тоа дали треба да се процесуираат случаите


По одлуката на Судскиот совет на Хашкиот трибунал за враќање на четирите предмети во земјава поделени мислењата дали по нив треба да се постапува во македонија или не. Претставниците на македонските албанци велат дека не треба да се процесуираат предметите бидејки сторителите на овие дела потпагаат под законот за амнестија, за разлика од нив според македонските претставници амнестијата не се однесува за дела злосторства против човештвото, кршење на обичајните правила за војување.

Слична поделеноста и на експертите. Слаѓана Тасева професор по казнено право на полициската академија во Скопје укажува дека амнестијата се однесува за некои дела сторени во период на конфликтот во 2001, но не и за делата злосторство против човештвото, геноцид, непочитување на правилата за војување. Оттука таа додадава дека ако не постапува Хашкиот трибунал, тогаш тоа треба да се стори во Македонија:

„По тие предмети понатаму треба да постапуваат нашите институции. Хаг ги враќа не затоа што немаат надлежност за постапување по овие предмети, туку затоа што терминот и времето за кое е формиран овој суд полека истекува,“

вели Тасева

За разлика од неа Јетон Шасивари од Тетовскиот државен универзитет е категоричен дека за сите дела од конфликтот важи законот за амнестија. Ако не постапува трибуналот, тогаш македонските судови не можат да ги процесируираат:

„Исклучително Хашкиот трибунал, бидејќи тој е единствено надлежен да постапува по вакви дела, според нивната природа, комплексност, последици итн,“

вели Шасивари кој додава:

„Секакво отстапуваење, односно процесуирање од домашните судови би имало далкусежни и политички и меѓуетнички тензии.“
XS
SM
MD
LG