Достапни линкови

Дел од граѓаните се жалат дека некои од Амбасадите не го почитуваат договореното


Осум дена откако стапи во сила визното олеснување за влез во земјите членки на ЕУ кое важи за неколку категории македонските граѓани. За нив од 1 јануари според договорот, потребни се помалку документи, визите се бесплатни и се издаваат на подолг рок. Но, од Ссоцијацијата Макам-Транс кој се овластени да им издаваат потврди на македонските транспортери, велат дека промени нема. Генералниот секретар Биљана Муратовска вели дека од сите олеснувања кои беа предвидени, засега само за добивање виза, странските амбасади не им бараат пари:

„Луѓето ги враќаат, добиваат тромесечна виза, а договорот беше да добиваат виза од една година и повеќе. Сеуште бараат и регистрација на фирми и завршни сметки, докажувања дека се тоа транспортни компании.“

Муратовска објаснува дека иако според договорот потврдата издадена од нив требало да ги замени сите потребни документи, некои амбасади воопшто и неја признаваат

„Тоа го практикуваат поголем број амбасади, меѓутоа Австриската амбасада тоа не го признава, така да се надеваме дека во наредниот период и тоа ќе се прифати.“

Самоил Малчевски претседател на Сојузот на студенти, кои исто така спаѓаат во категоријата која треба полесно да патува, вели дека сеуште немаат информации како функционира визното олеснување:

„Ние најчесто се соочуваме со проблемот, сакам да патувам незнам како да добијам виза. Значи студент ќе добие стипендија, престој во некоја земја од ЕУ, и се јавува кај нас и ни вели, помогнете ми неможам виза да добијам. Значи тоа беше досегашното искуство. Она што ќе се случува во престојаниот период, искуството од визното олеснување би требало да го имаме некаде околу 25 јануари, тогаш ќе имаме информации како тоа функционира.“

Патувањето само со потврда за редовен студент и покана, како што е предвидено со олеснување многу ќе значи за македонските студенти, вели Малчевски:

„Тоа би било од голема полза. Значи заминување на страна, стекнување на искуство со години им недостатува на студентите.“

Од МНР велат дека го следат спроведувањето на договорот за визно олеснување, но засега нема реакции бидејќи периодот од неговото стапување во сила е краток.
XS
SM
MD
LG