Достапни линкови

Заради краткорочните цели на актуелната власт се занемаруваат долгорочните цели на Македонија


По оценката на советот за безбедност дека безбедносната состојба е стабилна а инцидентите ги предизвикуваат криминалци дел од експертите велат дека реалните случувања се минимизраат и се посериозни отколку што се прикажуваат. Според професорот од воената академија Стојан Кузев причината за ваквиот однос е во партискиот јаз мегу владините коалицини партии но и нарушените релации мегу институциите претседател и влада. Актуелната власт тврди Кузев креира нерелана слика на стабилност

„Заради краткорочните цели на актуелната власт се занемаруваат долгорочните цели на Република Македонија, одржувањето на вештачки добра безбедносна состојба не оди во прилог на перспективите на Република Македонија.“

И власта и опозицијата ја користат безбедноста состојба за своите дневно политички цели оценува професорот од Универизитетот на Југоисточна Европа Назми Малики

„И опозицијата и позицијата треба да градат заеднички став, и да не си играат со состојбите затоа што мирот е скапа работа и вреди повеќе од политичките и партиските интереси.“

Кодра Фура, Шипковица, убиства и појавување на вооружени лица пред камери сите овие инциденти кои се случија во последно време се одразија врз работата на македонската берза а берзанскиот индекс бележи падови. Според економскиот експерт профеосор на правниот факултет Ванчо Узунов случувањата во оваа фаза во голема мера не влијаат врз домашните инвеститори

„Домашната економија и домашните инвеститори сме навикани на вакви работи и не верувам дека тоа ќе предизвика негативно влијание, значи дека нешто ќе стане многу лошо, па домашните бизнисмени да бегаат.“

Но, сепак додава Узунов инцидентите влијаат врз нашиот имиџ во меѓународната заедница

„Станува јасно дека тука и да не се случува нешто може да се случи и чекаме да видиме дали нешто ќе се подобри, дали и кога и потоа ќе влеземе во Македонија и би соработувале со Македонија повеќе.“
XS
SM
MD
LG