Достапни линкови

Пазарот на црно, нелојална конкуренција на компаниите кои се регистрирани и плаќаат данок


Најниската цена на една компјутерска конфигурација во продавница е околу 200 евра, но на нелегалниот пазар истата таква конфигурација може да се најде и за педесет евра поевтино. Мирче од Скопје кој веке неколку години заработува продавајки компјутери и компјутерски делови на црно вели дека добро се живее од овој бизнис.

„Има некои четири пет години како го работам ова. Како за млад човек, не е лошо. Зависи од човекот на кого му го продавам, некогаш повќе некогаш помлаку, ама има доволно. Зависи од конфигурацијата, солиден компјутер е 150 – 200 евра.“

Во соработка со некои македонски фирми за компјутери тој ги набавува компјутерите, а потоа преку познаници стапува во контакт со заинтересираните купувачи.

„Имам луѓе што работат по компјутерските фирми, исто така има и дилери, набавувам компјутери по дилерски цени без ДДВ. Имам круг на луѓе, а знаете информацијата се шири, сите сакаат поефтино.“

Компјутерските компании добро се запознаени со ова појава.Зоран Арсов кој е сопственик на таква фирма,вели дека нелегалните трговци на компјутери им го загрозуваат бизнисот.

„Тие немаат регистрирано фирми, не плаќаат даноци, а голем дел од компјутерите кои треба да ги продадеме ние тие ги продаваат и нормално дека се нелојална конкуренција,“

објаснува Арсов и додава дека поголемиот дел од фирмите во македонија соработуваат со нелегалните дилери на компјутери.

„Има многу фирми кои им дозволуваат таква работа, што мислам дека не е правилно. Претежно се македонски фирми, но не би можел да кажам имиња.“

Од пазарната инспекција чија надлежност е да ги откриваат овие појави пак велат дека доколку пронајдат каков и да е нелегален производ на пазарот инспекторите веднаш ги конфискувале и поднесувале пријави до сторителите.
XS
SM
MD
LG