Достапни линкови

МВР за надлежноста околу безбедносната состојба ја префла „топката“ кај Советот за безбедност


Загинување на полицаец во близина на Танушевци, работнци кои што трдват дека на Шар Планина биле киднапирани од вооружени лица , пронајдено големо колучество оружје и муниција во Гостиварско, иако сите овие настануи се случија во последниве десетина дена Министерството за внатрешни работи остана на проценката од Советот за безбедност кој го свика претседателот на државата во август. Состојбата е стабилна, но во период на решавањето на статусот на Косово внимателно се следи, изјавуваат од МВР. Од кабинетот на Претседателот на Црвенковски велат дека Советот за безбедност не може да ја замени улогата на полицијата. Од таму потенцираат дека таа е единствената која што треба да ја одржува безбедноста на територијата на државата, а претседателот е само корисник на информациите кои што му ги пласираат надлежните институции и врз основа на нив носи заклучоци и препораки. Од Министертвото за внатреашни работи го потврудваат истото, дека тие треба да го одржуваат и редот и миртот, но дека за целосна проценка на состојбите е неоходен Советот за безбедност на кој ќе се брифираат со другите институции за нивните сознанија. Според Професорот по уставно право Светомир Шкариќ генератор на несогласувањата околу тоа чија е одговорноста за безбедноста се различните одредби кои стојат во уставот и во законите:

„Од гледиште на Уставот, тоа што е запишано во него, Армијата ги штити границите на Република Македонија, меѓутоа во меѓувреме доаѓа до фактичка промена на положбата на АРМ и се воведува полицијата која сега ги штити граѓаните, тоа е фактичка промена на Уставот. Едно пишува во Уставот, а веќе во стварноста извршена е друга трансформација.“

Во вакви безбедносни ситуации, објаснува претседателот на Балканскиот форум за безбедност Благоја Марковски државава има уште еден систем односно кризниот менаџмент кој треба да ја активира Групата за проценки:

„Таа Група за проценка треба да направи аналитички приод кон сите овие настани, треба да донесе свое видување предлог мерки или преку кризниот менаџмент, да тие мерки стигнат до Владата на Македонија.“

Но, и групата за проценки и Советот за безбедност, велат експертите имаат само советодавна улога односно даваат проценки, а не наредби, а полицијата е онаа која треба да ја одржува безбедноста.
XS
SM
MD
LG