Достапни линкови

Рекордно ниво на инвестиции во земјите од Сојузот на независни држави и југоисточна Европа


Во извештајот на Обединетите Нации за транзиционите економии, се наведува дека земјите од Сојузот на Независни држави и Југо-источна европа во 2006 забележале рекордно ниво на директни странски инвестиции. Лавовскиот дел од 69 милијарди долари и прападна на Русија. Она што се забележува за Југо источна европа е нерамномерноста на директните странски инвестиции во оделни земји.

Пет држави од Сојузот на Независни држави и Југоисточна Европа привлекоа 82 насто од директните странски инвестиции во 2006 година, се вели во извештајот на Обединетите Нации. Тоа се Русија, Романија, Казахстан, Украина и Бугарија. Инвестициите во Бугарија и Романија, се вели во извештајот, се зголемиле благодарејки на приватизацијата на државните претпријатија и факторот дека членство во Европската Унија беше гарантирано од почетокот на оваа 2007 година. Како и да е, природните ресурси остануваат најголем магнет за странските инвеститори. Тоа посебно важи за поранешните советски републики и се разбира Русија. Русија во 2006 доби 29 милијарди долари директни странски инвестиции.Еден од авторите на извештајот Калман Калотај вели дека аурата за руските богатства на природнитев ресурси ги надминуваат проблемите на она што се нарекува дуинг бизнис или со други зборови ситуација наречена Руски парадокс.

„Едно од објаснувањата е секако дека природните ресурси на Русија се толку многу привлечни за странските инвеститори кои ги прифаќаат условите кои се рестриктивни за контролаат на природните богатства. На пример, тие можат да бидат само малцински партнери. Тие исто така приофаќаат високи даоници и други плаќања за владата, бидејки има таква гужва за природните ресурси на Руската федерација.“

Токму затоа се очекува нивото на директни старнски инвестиции во Русија и Казахстан да се зголеми во тековната 2007 година. Од друга страна некои земји не поминуваат така добро. На пример Белорусија директните странски инвестиции лани изнесуваа 344 милиони долари, колку за споредба 20 пати помалку од Чешката Република.
XS
SM
MD
LG