Достапни линкови

Агенцијата за странски инвестици незнае која фирма колку вложила


Во македонската влада велат дека во државава во изминативе пет месеци од оваа година влегле 121 милиони американски долари по основ на странски инвестции, сума што како што велат оттаму, доколку се одземат средствата по основ на приватизации е поголема од онаа што вкупно се влеала во државава во изминативе две-три години. Додека од владата го потенцираат високиот прилив на странски вложувања, во Заводот за статистика сеуште ги собираат податоците за вкупниот број на странски инвестции бидејќи таму се обработуваат на годишно ниво, а според последните податоци на Народната банка на Македонија во првите шест месеци од годинава, во земјава се влеале нешто повеќе од 81 милиони американски долари. Директорот на Агенцијата за странски инвестции Виктор Мизо потврдува дека значителна сума на меѓународни инвестиции влегле во земјава, тврди дека тука не се пресметани средства и од одредени приватизации како што беше ТЕЦ Неготино, туку само директни инвестции, но незнае колку точно изнесува приливот на средства кој што се добил по основ на вложувања од меѓународни фирми во државава:

„За кои инвестиции станува збор во изминативе шест месеци?“

„Директни странски инвестции, без приватизации и такви работи. Станува збор за статистика добиена и од Заводот за статистика и од Народна банка каде што сите тие работи се евидентираат.“


изјавува Мизо. Економските експерти пак потенцираат дека во интерес на властите е да се прикаже виситинска слика за добиените средства по основ на странски инвестции, односно дали станува збор за директни или средства по основ на приватизација, а не да се дава лажна претстава:

„Од друга страна сепак треба да се прави разлика што е директна инвестиција во ново производство, во нови индустриски капацитети, а што е во веќе постојните капацитети или во приватизација.“

Посочува професорот по економија од Европскиот Универзитет Зоран Ивановски.
Во Агенцијата за странски инвестиции велат дека тие се концентрирани само на привлекување на големи странски брендови за вложување во Македонија, но директорот Виктор Мизо посочува дека имињата сеуште неможе да ги објави бидејки е спротивно на етичките правила за деловно работење. Мизо уверува дека работата со Џонсон Контролс е прикрај, а тврди дека пролонгорирањето на британскта фабрика Џонсон Мети за објавување на конечната одлука за инвестирање во земјава не значи дека тие се откажуваат.

„Инвестицијата од страна на Џонсон Мети е сигурна, тие сакаа уште еднаш да испитаат само некои внатрешни резултати на компанијата.“

Вели Мизо.
XS
SM
MD
LG