Достапни линкови

Денеска на дневен ред главните проблеми – Косово, Блискиот Исток и Иран


Претседателите на Соединетите држави и Русија Џорџ Буш и Владимир Путин денеска ќе ги продолжат разговорите со цел подобрување на односите меѓу двете земји. Синоќешната неформална средба е опишана како многу пријателска, а главните меѓународни проблеми како Косово, Блискиот Исток и Иран се оставени за денеска.

„Што сакаме? Импичмент. Кога тоа го сакаме? Веднаш.“

Над илјада демонстранти бараа завршување на војната во Ирак, во североисточната држава Меин каде што синоќа во семејниот дом на Џорџ Буш започна американско рускиот самит. Двајцата претседатели синоќа разговараа за односите меѓу Соединетите Држави и Русија. Буш и Путин, како што изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, изразиле уверување дека односите меѓу Вашингтон и Москва нема да се влошат по претседателските избори кои ке се одржат идната година во двете држави. Главен заклучок, според Лавров, е дека ни една земја нема право меѓусебните односи да ги стави во заложништво за време на предизборните претседателски кампањи. Двајцата лидери, рече Сергеј Лавров дискутираа и за развојот на демократијата при што е покажана и големо чувство за хумор. Прашањата од меѓународните теми кои ги оптоварија американско руските односи како статусот на Косово, Иранската нуклеарна програма и анти ракетниот одбранбен штит во Средна Европа се денеска на дневен ред. Од овој самит како што предупредија и Вашингтон и Москва не треба да се очекуваат формални договори.

„Јас немам виски очекувања бидејки прашањата кои ги делат двете земји не можат да се решат за два дена, па нека бидат и убави, неформални два дена за двајцата претседатели.“

изјави за Радио Слободна Европа експертот од Весли Колеџот за руска економија Маршал Голдман. Шефот на руската дипломатија сепак додава дека Русија и Америка многу прашања усогласиле и пред средбата Буш - Путин, но дека резултатот останува на двајцата претседатели. Во мегувреме американскиот претседател Џорџ Буш синоќа додека го пречекуваше неговиот руски колега на новинарско прашање во врска со неуспешните бомбашки напади во Лондон и Глазгов одговори.

„Тоа само ни покажува дека војната против екстремистите продолжува. Никогаш не се знае каде тие ке удрат и јас го ценам силниот одговор на владата на Гордон Браун на тие луѓе.“
XS
SM
MD
LG