Достапни линкови

Експертите сметаат дека изјавата е избрзана


По изјавата на шефот на државата Бранко Црвенковски за грчкиот весник Катимерини, дека дека доколку не се реши спорот за името до нашиот прием во НАТО, Македонија е подготвена да влезе во Алијансата и под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, реакциите во јавноста поделени.
За Владо Бучковски од Социјалдемократскиот Сојуз очекувањата на претседателот се реални. Неможе да очекуваме во следните девет месеци да се случи чудо и пред самитот на НАТО во 2008 година да се затвори отвореното прашање за името, регира Владо Бучковски од Социјалдемократскиот сојуз:

„Па мислам дека тоа е реалистичен пристап. Извесно е дека во НАТО ќе бидеме примени како ПЈРМ, максимум што може да се очекува, барем до пролетта 2008 година, Словенија и Бугарија да се придружат на Турција во онаа фуснота каде што не признаваат со уставното име. Не треба да се создава еуфорија, уште повеќе што е извесно дека во овој момент тоа е отворено прашање, кое неможе да се реши во следните девет месеци.“

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ги коментираат претпоставките на претседателот Црвенковски. Експертите пак изјавата на претседателот ја оценуваат како избрзана. Токму сега македонските политички фактори имаат можност да се обединат во барањето за прием на Македонија во НАТО под нашето уставно име, укажува проф. по меѓународни односи Денко Малески.

„Сметам дека не е потребно да се дава таква изјава, сега во предвечерјето на нашиот прием во НАТО. Познато е, членство во НАТО претпоставува и консензуална согласност на членките на НАТО, што значи дека Грција ќе може да прави опструкции по прашање на името, меѓутоа Грција тогаш ќе биде изложена и на една непријатност бидејќи многумина немаат разбирање за нивното инсистирање една суверена држава да го промени своето име.“

Малески не ја исклучува можноста за добивање на членство во НАТО и со нерешен спор за името.

„Па очигледно тоа е една од можностите, па останува да се види.“
XS
SM
MD
LG