Достапни линкови

Црквата никаде не кажува дека велигденската трпеза треба да биде богата


Месо, пијалоци, торти и задолжителнсо јајца - богата трпеза во специјално украсен дом во таква атмосфера вообичаена за Велигден повеќето православни верници ке го пречекаат празникот. Дека трпезата ке биде побогата и поразлична потврдуваат и тие самите

„Покрај велигденските јајца, јагнешко месо, слати и така.“
„Нормално повеќе од секојдневно.“
„Сигурно нешто поубаво ќе се направи.“


Но, сепак свештените лица порачуваат дека ваквите изобилства од храна и немаат толку врска со празникот Велигден. Како што вели отец Зоран Пецовски овие навики корените ги влечат од традицијата а не од религијата

„Црквата никаде не кажува дека трпезата треба да биде погата.“

На историските корени кога се работи за македонскиот менталитет склон кон празнување и собирање зад заедничка трпеза без разлика на беспарицата се повикува и социолгот Илија Ацески. Според него лугето кај нас одсeкогаш ги чекале ваквите прaзници за да се покажат пред другите а иако таквата потреба се јавила во минатото останала до денес.

„Ние денес не затоа што луѓето толку немаат, туку едноставно како да чекаат момент за да покажат нешто ново,“

вели Ацески и додава дека од друга страна пак модерното време влијаело врз комерцијализација на празникот

„Друга димензија е што има една материјална корист кај разни агенции и тоа го губи основното значење. Мислам дека овие празници имаат значење луѓето да бидат со своите блиски, и тоа да добие една поширока димензија, тогаш би се почувствувал тој колективен живот.“

Токму оваа година повеке луге се одлучуваат празникот да го поминат надвор од земјава. Една од причините за тоа е и новиот закон за празници со кој покрај првиот ден од Велигден неработен е и Велики петок.
XS
SM
MD
LG