Достапни линкови

Основен услов за олеснување на визниот режим


Квалитетот на патните документи е еден од основните услови за олеснување на визниот режим за граганите од земјите во регионот, тој е важен и за безбедноста во регионот воопшто, оценија денеска британскиот амбасадор во земхјава Роберт Четертон Диксон и Аленка Првиншек директор на Регионалната иницијатива за мигранти, азил и бегалци во чија организација е состанокот на тема Регионална проценка за видовите документи за идентификација.

„Прашањето за безбедносна на документите е многу важно, живееме во свет кога има голема мобилност, лугето сакаат да патувањаат поради бизнис, задоволство и движењта се се почести. Во контекст на овој тренд на мобилност важно е да има безбедни граници, да се намалат нелегалните миграции и слично. Во спротивно олеснувањето на визниот режим за граганите од овој регион ке оди потешко.“
рече Диксон
На прашањето за квалитетот на патните исправи од земјите од регионот Аленка Привиншек директор на Регионална иницијатива без прецизен одговор.
„За жал јас не можам да дадам оценка со каков квалитет се документите. Во право сте, кога велите дека тие се услов за визниот режим, во секој случај, не се работи за хартијата, туку за содржината, односно кој е имател на тој документ и таа патна исправа и информациите што таа ги содржи. “
Освен квалитетот на пасошите, услов за олеснување на визниот режим се и договорите за реадмисија чие потпишување како што велат во МНР е во завршна фаза, како и безбеднооста на границите.

Инаку Македонија веќе ги започна преговорите со Европската унија за олеснување на визниот режи. Во првата фаза се работи на прецизирање на категориите грагани на кои ке се однесува визниот режим, потоа на намалување на процедурата, издавање на бесплатни визи и слично. Неодамна од министерството за внатрешни работи соопштија дека од 1 април годинава ќе се издаваат новите биометриски пасоши.
XS
SM
MD
LG