Достапни линкови

Откриен најголем шверц на кокаин низ Македонија до сега


Првичните сознанија на МВР говорат дека во шверцот со запленетата дрога на граничниот премин Блаце се инволвирани српски и грчки државјани:

„Целиот транспорт е реализиран на начин што тие отворале фиктивни фирми во Венецуела, Србија, Грција преку кои вршеле увоз – извоз на одредени стоки зад кои се криел транспортот на кокаин,“

вели портпаролот на МВР Иво Котевски.

Кога станува збор за вака развиени мрежи на шверц со дрога МВР мора да соработува и со соседните безбедносни служби, вели Котевски. Во случајов, следењето на каналот упатувало на соработка со службите на УНМИК на Косово:

„МВР имаше одредени сознанија за тоа што се пренесува и како се пренесува, но секако дека и МВР и Царината стапија во контакт со УНМИК. Разменивме податоци што ги имавме, од нивна страна беше следен товарот што минуваше на Косово, така што постојано бевме во контакт.“

Иако сме далеку од тоа борбата против шверцот кој носи големи профити да ја добиеме, акцијата за запленување на најголемата пратка дрога во Македонија до сега уште еднаш укажува на то адека полицијата е ефикасна на тој план:

„Морам да кажам дека нашата полиција е добро организирана и имаме добри лаборатории во кои често се утврдува и потеклото, а за да се утврди потеклото на тој криминалитет, познавањето на видот на дрогата е значајно и тоа се прави сметајќи на тоа, дека ние сме мала, а транзитна држава,“

вели криминологот Љупчо Арнаудов.
XS
SM
MD
LG