Достапни линкови

Гералд Кнаус, аналитичар. Клучно за Македонија е одржување на внатрешниот консензус


Најавено е дека непосредно по изборите во Србија ќе биде презентиран планот за решавање на статусот на Косово. Какво е вашето мислење, каква би била одлуката?

Па мислам ние знаеме, општо говерјки што Марти Ахтисари ке презентира, а тоа ке биде дека Косово треба да биде надвор од границите на Србија, да се движи кон целосна независност. Но, на почетокот да биде органичеана, со тоа што извесна улога ке има мегународната заедница што ке трае уште неколку години. За ова знаеме, ова е извесно, но она што не го знаеме е тоа што ке се случи со неговиот предлог и тука се очекува нервозата. Нејасно е дали ке има консензус во Обединетите нации, во Совеот за безбедност, како ке реагираат Русија, Кина, и не е јасно дали ке има консензус во Европската унија кај 27-те членки. И она што можеме да го очекуваме е дека ке имаме период од неколку месеци на одлагање во кој е можно ниту Унијата, ниту во ОН да се постигне заклучок, а тоа ке биде многу опасен период, бидејки фрустрациите во Косово ќе се зголемуваат, авторитетот на Обединетите нации ке биде сериозно нарушен, а и оној на ЕУ која се најавува дека ке превземе поголема улога, ќе биде во опасност. Па, така мислам дека многу ке зависи од реакциите на предлогот кој ке дојде кон крајот на јануари.

На 21 ќе има избори во Србија, а токму поради тоа е одложена одлуката за Косово. Можно ли е да победат радикалите, се говори за три сценарија Демократската партија на Борис Тадич, опцијата на Коштуница, за која се вели дека е некој вид ако може така да се каже и радикалите.

Па јас не мислам дека тоа е можно, можно е резултатот од изборите да не биде толку различен од овој сега. Прашањето е каква ќе биде коалицијата што ке се формира, дали Демократската партија и партијата на Коштуница се волјни да формираат коалиција повторно. Уште поважно е колку што можам да видам е дека оваа коалиција сака да ја води Србија напред кон европските интегарции. Се плашам дека не е јасно дали тоа ке случи дури и да имаат заедно парламентрано мнозинство. Но, ако Србија одлучи да губи повеке време и ако избере да се фокусира на Косово, тоа ќе биде ке биде екстремно искушение за било која влада. Мислам дека во таков случај за Србија 2007 ке биде уште една изгубена година, како и 15-те досега, а тоа не е добро ниту за земјата, ниту за регионот, бидејки додека Србија е заглавена, има дупка во Западниот Балкан.

Какво влијание ќе имаат овие случувања Косово, изборите во Србија, општо, но и посебно врз Македонија?

Јас велам дека е можно да има период на одолговлекување, но се надевам дека нема да има, дека штом ке дојде предлогот ке има заклучок на Советот за безбедност и дека ке има јасна одлука дека ЕУ и Обединетите нации го прифакаат решението. Но, ако не се случи тоа, тогаш се ке зависи од трпението на косоварите, и тоа не само на политичарите. Таму има голем проблем, има фрустрации кај населението. Уште еднаш велам, се надевам дека тоа нема да се случи. Но, и ако се случи, за Македонија ке биде клучно дали може да го одржи внатрешниот консензус за две многу важни прашања, прво охридскиот договор кој е основа земјата да се справи со внтрешните тензии и второ, сите да бидат согласни со евроатлантската интеграција на земјата, тоа е нешто што ќе ги обединува сите. И ако Македонија остане на овие два принципа и ако Европската унија е доволно паметна и одговори конечно со давање датум за почнување на преговорите, Македонија ке може да изгледа многу подобро во споредба со нестабилното соседство.

Според вас кога Македонија може да очекува датум за почеток на преговорите?

Тоа е итра игра, бидејки политичарите не сакаат никогаш да ги зголемат очекувањата што не можат да ги постигнат, па разбирам зошто македонската влада се обидува да ги намали очекувањата. Но, во исто време Европската унија без притисок не дава ништо. Моето чувство е дека македонската влада треба да го искористи пријателството со Германија. Ако тоа се случи, ке биде позитивен чекор за стабилизација на целиот регион.

Значи дали да добие датум или ветување во првата половина на 2007 година?

Цел треба да биде да добие ветување во првата половина, во втората половина да добиете датум, а преговорите да почнат во почетокот на 2008. Ако тоа не се случи тогаш се плашам дека разликата мегу вас и Хрватска, која се надева на завршување на преговорите во тој период, ќе стане толку голема и Македонија ке заврши во категорија на земји за кои Унијата ќе биде во искушение, ќе вели да забавиме да ја чекаме Србија и другите, а мислам дека Македонија не го заслужува тоа.

На патот до унијата, некои од проблемите се нелегален транспорт на оружје на границата, нелегални миграции. Како влијаат овие појави, можат ли да допринесат за дестабилизација?

Јас би бил позагрижен за поглобалната политичка слика, зашто знаете јас мислам дека нема недостиг на оружје и за дестабилизација нема да придонесе некој поединечен нелегален транспорт. Она што може да експлодира, може да бидат очекувањата на лугето, како што беше во март 2004 за тоа не требаше многу оружје. Предизвикот е ако косоварите го загубат трпението и ако почнат да протестираат, не знаеме што ке може да направи мегународната заедница и знаеме што ке значи тоа, тензии кои лесно ке можат да преминат во оружени конфронтации.

Тоа се само дел од проблемите. На што друго да се стави акцент за да Македонија добие позитивно мислење во 2007, поинакво од она во 2006 година?

Главна, многу многу голема задача на владата е да презентира што е Македонија. Се разбира, Македонија има многу проблеми, но и многу постигна. Не само охридскиот договор, мислам на планот на мегуетничките односи, прави чекори и во економијата. Сега има можност да ја следи и Бугарија која е веке членка. Ако погледнете има области во кои Бугарија е многу напред и Македонија тоа теба да го следи и да оди напред. И сето ова треба да биде признаено и видено од надвор. Македонија мора да биде видена како стабилно место, место каде политичките лидери работат заедно. Многу е важно Македонија да прати порака дека има консензус во земјата, мегу владата и опозицијата, и не само мегу нив, туку и мегу македонската и албанската заедница. Ако оваа порака стигне до Брисел, тоа е најдоброто нешто што Македонија треба да го направи. Имате и други многу конкретни проблеми кои треба да се решат, но сликата за земјата е многу важна, вообичаено тие ја забележуваат сликата целосно.

Што да направат лидерите да се подобри дијалогот и тука нема резултати?

Од она што го слушам и од чувстовото кое пости во Брисел, не е добро тоа што се случува. Нормално е да има тензии, натпревар мегу политичките партии, тоа е случај секаде, но важно е за надворешниот свет да се покаже дека сите овие тензии се во рамките на нормалните европски норми, а не дека се закана за стабилноста на земјата. Мислам дека е така, но треба да се покаже.

Дали треба лидерите да разговараат со присуство на претставници на мегународната заедница или не? Знаете ДУИ инсистира на нивното присуство?

Мислам генерално стигна времето за Македонија да покаже дека е целосно суверена земја. Таа е суверена, но треба да покаже дека е способна да ги решава комплексните внатрешни политички тензии. Корисно е да помага мегународната заедница, но мислам во суштина во Македонија функционираат институциите и дека нема смисла да се создава слика оти земјата е еден вид протекторат како Босна, како што ке биде Косово уште извесно време, неколку години... Тоа не и помага на Македонија кога во прашање е Брисел. Клучот за успех е земјата да поглдне преку граница, во Бугарија и да види како се одвиваше таму процесот, подобри етнички односи, економски раст, стабилни институции. Тоа е клучот за успешен евроинтеграциски процес. Мислам дека улогата на диполматите во Македонија не треба да биде како на домашните политички актери.


Велите Бугарија да биде пример на Македонија, токму таму македонското малцинство има многу проблеми, но и кај останатите соседи. Ви се чини ли дека Европската унија има двојни стандарди за малцинското прашање?

Европската унија за земјите членки нема јасни стандарди за малцинствата генереално. Тоа може да се види и од примерите на други земји, Грција, Франција, Шпанија, сите се различни. Генерално Унијата во една земја се инволвира кога има јасен проблем како пример конфликтот во Македонија во 2001. Едно е јасно, кога се малцинствата во прашање, не може за нив да се случи ништо подобро од македонското проближување кон Унијата, кога границите нема да имаат значење.

Дали тоа е единствениот начин за да се подобри нивната состојба?

Да бидам искрен не знам многу за моменталната состојба за македонското малцинство во соседните земји. Но, знам дека ако пред десет и повеке години не можеше ниту да се зборува за правата на македонците во соседството, а сега се зборува за тоа, и тоа е прогрес. Сорботката мегу земјите и приближувањето кон Европската унија ке води напред. Овој вид на соработка ке им користи на сите, посебно на малцинствата.
XS
SM
MD
LG