Достапни линкови

ДУИ дефинитивно нема да биде дел од новата влада


Никола Груевски од денеска е мандатар за состав на нова влада:

„Денеска господинот Црвенковски ми го додели мандатот за состав на нова влада, согласно изборните резултати, согласно законот и уставот на Република Македонија. И согласно уставот на Република Македонија сега имаме период од 20 дена во кој треба да предложам состав на нова влада на Републка Македонија,“

изјави Груевски кој истакна дека не може да каже дали ке го користат целиот уставен рок за формирање на влада или пак таа ке биде позната пред рокот кој истекува на средината на наредниот месец. Владата додаде тој, ке ја сочинуваат луѓе кои ке работат во насока на подобрување на економска состојба, стандард и слично. Тој рече дека првиот човек на Собранието ке биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

„Според она што доаѓа, најверојатно претседателот на Собранието ќе биде личност, што како предлог ќе треба да го даде ВМРО-ДПМНЕ. Ние за тоа бевме известени пред два или три дена од нашите коалициони партнери, за коишто се веруваше дека можеби ќе го побараат како позиција. Во овие два до три дена издиференциравме пет можни кандидат, и наскоро од нив ќе извадиме еден предлог.“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нов владин мандатар, Груевски информираше дека во новата влада нема да учествува и ДУИ партија од албанскиот блок која доби најмногу гласови на парламентарните избори

„ДУИ нема да влезе. За ПДП ги оставаме вратите отворени, доколку одлучат дека може да соработуваат со нас врз основа на програмата на ВМРО-ДПМНе и коалиционите партнери, ние сме подготвени да разговараме со ПДП.“
XS
SM
MD
LG