Достапни линкови

Изборите минаа во фер и демократска атмосфера


Коалицијата ,, За подобра Македонија ,, предводена од Вмро Дпмне, според првичните резулатити, е победник на 5 те парламентарни избори во Македонија. Кај албанскиот политички блок, коалицијата на владеачката ДУИ освои речиси двојно повеќе од ДПА. Генералната оценка на сите партии е дека изборите, значајни за евро-атланската интеграција на земјата, минаа во фер и демократска атмосфера.

Според поселдните податоци на Државната изборна комисија презентирани денска напладне од обрботените 99,43 насто гласачки ливчиња победник на изборите е каолцијата за подобра Македнија предводена од ВМРО ДПМНЕ. На вчерашните избори пак правота на глас го искористиле 56,15 проценти. Од државната изборна комисја велат дека бројот на мандатите кои ги освоила една партија ке го соопштат откако резулатите ке бидат конечни и ке поминат сите рокови за приговори и жалби.

Но без разлика дали партиите се задоволни од своите резулатит или не генерална оценка е дека вчерашните 5 по ред парламентарни избори поминаа во фер и демокртаска атмосфера. Шефот на изборниот штаб на СДСМ Илија Иљоски вели дека за ваквата атмосфера на изборите се заслужни и граѓаните

„Оценувам дека овие избори поминаа во најфер и најдемократска атмосфера“.

И Трајко Славески носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица два вели дека се задоволни од текот на изборите

„Генерално сметаме дека изборите поминаа фер и демократски. Од резултатите сме повеќе од задоволни“

Со слична оценка и став и Џевад Адеми од ДУИ

„Во првото јавување кажавме дека сме задоволни со текот на гласањето. Ние како партија и како коалиција сме задоволни, затоа што по сите калкулации и по сите симулации ние во овие избори добивме 18 пратенички места“

Од ДПА пак кои уште по првичните резулати синојка реагираа дека се направени одредни нерегуларности велат дека ке подсат приговори до Државната изборна комисја за неколку изборни еденици. Според Илијаз Халими генерално изборите биле фер и демократски со неколку исклучоци

„Вчера во текот на иѕборите имаше доста нерегуларности. Ние сите нив сме ги забележале“
-
Задоволни ли сте од резултатите?
„Па, сега за сега ако ги исклучиме овие изборни места каде што има нерегуларности, задоволни сме“.
XS
SM
MD
LG