Достапни линкови

Уште една операција, состојбата критична


Врз израелскиот премиер Ариел Шарон е извршена уште една операција за да биде запрен новиот излив на крв во мозокот откако лекарите утврдија влошување на неговата состојба, е потврдено од болницата во која Шарон е хоспитализиран Тој се наоѓа во длабока кома по првата операцијата во четвртокот за запирање на крварењето на неговиот мозок. И додека израелскиот премиер Ариел Шарон се бори за живот не стивнуваат реакциите. Американскиот претседател Џорџ Буш.

„Тој е добар човек, силен човек, човек кој длабоко се грижеше за безбедноста на израелскиот народ и човек кој имаше визија за мир.“

Врховниот ирански клерик Ајатолахот Мохамед Емами Кашани за време ан денешната молитва во Техеран пак изјави.

„Кога Америка доаѓа и вели дека се бори против тероризмот, таа не се бори против тероризмот од кој има корист и подржува терористи како Шарон и Израел.“

Израелската влада во меѓувреме соопшти дека општите избори во Израел ќе бидат одржани, според планот, на 28 Март. Според истражувањата на двата водечки израелски весници Хааретц и Једиот Ахронот, новата центристичка партија на Шарон со него или без него на чело, лесно ќе победи на изборите.
XS
SM
MD
LG