Достапни линкови

Одзивот висок, резултатите за две недели


Резултатите од вчерашните парламентарни избори во Ирак ќе бидат познати за две недели. Засега се соопштува дека одзивот на гласачите бил висок. Во меѓувреме меѓународната заедница ги поздрави изборите во Ирак како историски чекор кон демократијата и мирот во земјата.

Во Ирак започна пребројувањето на гласовите од вчерашните парламентарни избори. Изборна Комисија соопшти дека одзивот на гласањето бил висок можеби и над 70 насто а дека резулатите ќе бидат соопштени за околу 2 недели. Според посматрачите одзивот бил висок и меѓу сунистските арапи кои ги бојкотираа минатите избори.
Насилството за време на вчерашниот ден беше релативно со слаб интензитет. На ирачаните им честиташе и министерот за одбрана Садоун ал Дулами.

„Честитки до сите ирачани кои поминаа значајна историска фаза. Можеме да кажеме ДА за Ирак, за единството, коегзистенцијата и толеранцијата.“

За Соединетите Држави и Велика Британија изборите во Ирак беа голем историски ден. Американскиот претседател Џорџ Буш го поздрави високиот одзив на гласачите, кој како што рече, гласале за пораз на терористите.

„Ова е голем чекор напред во придобивката на нашата цел а тоа е демократски Ирак, земја способна да опстоји и да се брани себеси. Односно Ирак сојузник во војната против теророт и земја која ќе биде силен пример за другите во регионот, без разлика дали тие живеат во Иран или Сирија.“

Генералниот секретар на НАТО Јап де хоп Схефер изрази надеж дека изборите ќе бидат основа за земјата која се обединува за мирот. Изборите во Ирак ги поздрави и Москва, која најави дека ќе соработува со владата која ќе биде избрана.
XS
SM
MD
LG