Достапни линкови

Западниот Балкан ќе биде приоритет за време на австриското претседавање со ЕУ


Западниот Балкан ќе биде на врвот на приоритетите за време на претседавањето на Австрија со ЕУ, ова во Охрид го потврди шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник по неформалниот состанок со нејзините колеги од Македонија, Албанија, Хрватска, Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина, кој се одржа во Охрид:

„Втората точка е да го одржиме регонот во контакт со главната агенда, а тоа е ЕУ. Затоа на моите колеги на оваа Конференција сакам да им кажам дека за време на австриското претседавање ќе имаме многу работа се со цел да се постигнат европски стандарди.“

Според шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева, проширувањето на Унијата е неповратен процес, ветувајќи имплементирање на неопходните реформи со кои ќе се отвори патот на земјата за зачленување на Унијата:

„По преземањето на Австрија со водењето на ЕУ од 1 јануари, по ова Австрија ја реафирмира подршката за европските интеграции на земјите од Процесот за стабилизација и асоцијација и Виена како што е соопштено, ќе даде висок приоритет во односите на Европската Унија со земјите од овој регион.“

Министрите за надворешни работи од регионот на неформалниот состанок усвоија и заедничка изјава во која што меѓудругото го поздравуваат напредокот постигнат во рамките на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска и САД за натамошна стабилизација и просперитет на регионот и напорите за целосна интеграција во НАТО. Ја повторуваме подршката за Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора во нивните напори за влез во ЕУ, се вели во заедничката изјава.
Инаку оваа неформална средба на министрите за надворешни работи од регионот е трета од овој тип. Првата беше одржана во Охрид во 2004-та година со учество на министерот за надворешни работи на Франција, а втората се одржа во Тирана во 2005-та година, каде учествуваше министерот за надворешни работи на Германија.
XS
SM
MD
LG