Околу 30 полицајци се повредени, од кои двајца посеризно во последните нереди кои избувнаа откако претседателот на Франција Жак Ширак ја прекина тишината појавувајки се во јавноста по итната седница со министрите задолжени за менаџирање со кризата. Ширак порача дека властите мора да го вратат редот и мирот
„Ние презедовме извесни мерки за засилување на акцијата на полицијата и правдата, бидејки денес апсолутен приорите е повторно да се воспостави јавниот ред.“
Училишта, цркви, возила се најдоа под удар на разбеснатите млади имигранти. Насилствата од предградијата на Париз се прошируја и во други градови на Франција, како Тулуз, Нант, Орлеан, Руен, Рен и Сент Етјен... Во насилствата оштетени се околу 1400 возила а извршени се 400 апсења. Во Грињи јужно од Париз врз полицијата е стрелано со некој вид дијаболи и таму се потешко повредени двајцата полицајци. Нив ги посети министерот за внатрешни работи Никола Саркози кој на новинарите им ја покажа оштетената полициска кацига од истреланите дијаболи. Премиерот на Франција Доминик де Вилпен изјави.
„Решивме да ја засилиме безбедноста на целата територија. Не можеме да прифатиме безаконски подрачја.“
Владата и полицијата, како што јавуваат агенциите од Париз се наоѓаат под силен притисок на јавноста. Претседателот Ширак додаде дека треба да се почитува секој поединец, правдата и еднаквоста.
„Ние мора да разбереме дека нештата можат да се развијат кога се почитува другиот, а тоа е правдата и еднаквите можности. И ние сме посветени да одиме во таа насока, да ги продолжиме напорите кои веќе се преземаат. Но повторувам редот и безбедноста се приоритет.“
Нередите започнаа на 27 Октомври по несреќното загинување на двајца тинејџери од африканско потекло, кои мислејќин дека ги гони полиција загинале од удар на струја паѓајки на трафо станица во париско предградие.