Достапни линкови

Без позитивен одговор за барањето за резолуција за отфрлање на идејата за Голема Албанија


Финалниот статус на Косово не го загрозува територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, ова е заклучокот од синоќешната средба меѓу македонскиот премиер Владо Бучковски и неговиот косовски колега Бајрам Косуми. Македонскиот премиер сепак и по оваа средба не доби позитивен одговор на неговото барање косовските институции да усвојат резолуција со која би ја отфрлиле идејата за Голема Албанија.

„Оваа средба е дополнително охрабрување дека за целиот регион доаѓаат подобри денови, каде што заедничките интереси, ЕУ и НАТО ќе не сплотат, не само граѓаните, туку и сите политичари, ќе размислуваме на поинаков, европски начин. Она што го испративме како порака од страна на претставниците од нашата држава беа добронамерни сугестии, но како тие ќе ја водат својата политика ќе покаже времето, во секој случај станува јасно дека Република Македонија не е загрозена и нејзиниот суверенитет и интегритет со финалниот статус на Косово.“

Советникот на премиерот Бучковски Мерсел Биљали вели дека со својата посета во Скопје Косуми потврди дека стои зад ставот за почитување на суверенитетот и територјалниот Интегритет на Македонија

„Македонија си го прави своето, тоа што е нејзин национален интерес, а тоа е соработка во регионот. Веќе е јасно дека и неговото доаѓање тука потврдува дека стои зад тоа. Другите работи се само технички работи.“

Косовскиот премиер Косуми по средбата со Буцковски изјави оти верува во светлата иднина на како што рече двете земји која ја гледа во ЕУ и НАТО:

„Ние веруваме во добрата иднина на нашите две земји, во добрата иднина на нашиот пријателски народ, во нашата заедничка иднина во ЕУ.“

Според Биљали решавањето на Косовското прашање ке ги го забрза процесот на
интеграција на Македонија и региониот во евро-атлантските структури.

„Да, тоа е општа констатација и на експертите и на политичките структури.“

По средбата со Косуми, премиерот Буцковски во петок ке биде домаќин и новиот албански премиер Сали Бериша со кој исто така ке разговара за состојбите во регионот со посебен акцент на Косово.
XS
SM
MD
LG