Достапни линкови

Дали Србите од Косово ќе настапуваат самостојно или како дел од делегацијата од Белград?


Во пресрет на старотот на разговорите за решавање на конечниот статус на Косово, сеуште не се знае во која делегација ќе учествуваат српските претставници од Косово. Разликите во ставовите се предизивикани, во зависност од тоа на која партија и припаѓаат. И додека едни се залагаат косовските срби да настапуваат самостојно, други истакнуваат дека тие треба да бидат дел од делегацијата на Белград.

Косовските срби сеуште не знаат во која делегација во врска со разговорите за статусот на Косово, ќе учествуваат, но своите интереси можат да ги одбранат само доколку настапуваат самостојно, односно како посебна делегација, изјавува Оливер Ивановиќ, носителот на „Српската листа за Косово и Метохија“:

„Извесно е дека идејата која ја лансирав пред извесно време за формирање на трета самостојна делагација, има се повеќе приврзаници. Многу од меѓународните претствници се заинтересирани токму за таков концепт. Што се однесува до делегацијата на Белград, можеби нашето учество во таа делегација е можно, но сепак мислам дека е најдобро нашиот став да го втемелиме како делегација која ќе почне да се гради како политички ентитет.“

Повеќето лидери на косовските Срби, ја подржуваат тезата дека нивната делегација на идните разговори за косовскиот статус, сепак треба да учествува во тимот на официјален Белград. Марко Јакшиќ, претставник на Демократската партија на Србија и член на Српскиот национален совет вели:

„Проблемите на Косово се сведуваат на проблемот меѓу Белград и побунетите албански етнички заедници, кои сакаат одвојување. Положбата на србите на Косово секогаш треба да се врзува со Белград, бидејќи станува збор за еден ист народ, дел од една иста држава, па токму поради тоа треба да се настапи во рамки на зедничка делегација.“

Има и третатта опција - косовските срби да и се предружат на приштинската делегација. Но во врска со ова Горан Богдановиќ член на српската листа од Демократската партија објаснува дека тоа не е можно:

„Ние неможеме да бидеме во делегацијата на Албанците, од проста причина што ниту некој не повикува, ниту пак, некој не консултира околу било кои прашања во врска со конечниот статус на Косово. Исто така ние на неодманешните разговори во Виена, покажавме дека и припаѓаме на делегацијата на Белград.“

Кога станува збор за заедничко учество во приштинската делегација и останатите српски претставници на Косово сметаат дека тоа нема да функционира поради различните интереси на србите и албанците.

Косовската делегација околу разговорите за статусот на Покраината веќе е формирана, останува во наредните денови да се види во која делегација ќе учествуваат косовските срби и колку во врска со ова прашање ќе бидат единствени.
XS
SM
MD
LG