Достапни линкови

17,4 милиони од федералниот буџет за патриотска едукација на граѓаните


Со зголемувањето на температурите илјадници млади Руси ги напуштаат градовиет за малку забава во пикоресната руска природа. Но на северно од Москва е формиран камп во кои младите Руси немаат време за скара и излежување во природата. Тие таму учат како да ја бранат земјата и претседателот Владимир Путин. Владата во меѓувреме одобри пет годишна програма за издигнување на патриотските чувства на младината.

Звуци на традиционална музика одекнуваат во кампот на про кремљската група ,, Наши ,, во кој околу 3 илјади млади руси не се таму поради забава. Денот на езерото Селигер почнува во 8 часот со пет километарски џогинг, па политичка обука, предавања, воркшопови дебати и секако напорни физички тренинзи. Глеб Павловски проминентен политички аналитичар близок на Кремљ е поканет да држи предавања на младите.

„Ние сме се уште нестабилна земја и момчињата мора да бидат тренирани и образувани. Што ќе прават ако се случи обид за атентат како во оној во Август 1991 а чија цел би бил преврат врз претседателот Путин? Ќе седат и ќе слушаат лекции? Тие мора да излезат на улиците и да го спречат превратот. А треба да знаат како се прави тоа. Тие мора ад знаат како да ги растурат фашистичките демонстрации. Да ги растурат со употреба на сила. Како поинаку?“

вели Павловски. Многумина веруваат дека групата ,, Наши ,, е формирана со цел да се спречат наордни револуции како во Украина, Грузија и Киргистан пред птретседателските избори во Русија во 2008 година. Кремљ официјално не ја признава врската со Нашите но кампот неодамна го посети Владислав Сурков еден од најблиските помошници на претседателот Владимир Путин. Шивото во кампот инаку наликува на оживотворена советска ера. Младите меѓу себе се нарекуваат ,, Другари,, На плакати се потртрети на херои од тоа време кои се борат против фашистите, капиталистите и американските политичари. Според младаинската руска група ,, Наши,, либералните политичари, богатите олигарси и радикалните младински групи се непријатели кои тие ги означуваат како фашисти.

„Младите генерации се иднина на Русија. Ако сега не се креира патриотски поглед, ако сите си заминат за Америка и на други места, Русија нема долго да ја има.“

вели еден од младите членови на Наши. За време на посетата на кампот помошникот на Путин Сурков изјави дека младите треба да бидат заштитени од манипулативното влијание на Западот. Оваа изјава е заедничка за руската политичка елита и е тенденција која загрижува многу посматрачи како американскиот амбасадор во Русија Александар Вершбоу.

„Јас слушам такви изјави се почесто. Тоа е срамота, бидејки имавме импресија дека пост советска Русија сака да стане дел од Западот и дека стратегијата на Администрациите на Елцин и Путин е да ја интегрираат Русија во светската заедница. Затоа ваквите изјави за заштита на младите луѓе се многу чудни.“

Вакви кампови како оној на Наши во Русија засега се реткост. Програмата наречена Патриотска едукација на граѓаните на руската федерација ќе добие 17,4 милиони долари од федералниот буџет за периодот 2006 – 2010 година.
XS
SM
MD
LG