Достапни линкови

Продолжуваат шестпартитните разговори за нуклеарната програма на Северна Кореа


Во Пекинг утре, по тринаесет месечен прекин, продолжуваат шестпартитните разговори за нуклеарната програма на Северна Кореа. На нив, освен земјата која треба да биде убедена да се откаже од нуклераните планови учествуваат и претставници на Соединетите Држави, Јужна Кореа, Кина, Јапонија и Русија.

Вашингтон очекува резултати од овие разговори во Пекинг. Тоа јасно го стави на знаење американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, за време на својата посета на Кина пред извесно време:

„Многу добра работа е што на двесет и петти јули им се враќаме на разговорите. Но, тоа е само почеток. Целта не ни е само да ги одржиме. Целта ни е да постигнеме напредок.“

Дека станува збор за многу важна рунда од разговорите, според некои медиуми, покажуваат и некои американски разузнавачки предвидувања оти Северна Кореа се подготвувала да изведе подземна нуклерана проба. Американскиот претседател Џорџ Буш пред извесно време ги ублажи своите забелешки против севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, а Јужна Кореа понуди да го снабдува својот северен сосед со електрична енергија во замена Пјонгјанг да се откаже од нукларната програма. Како и да, посматарчите сепак, не очекуваат многу и од оваа рунда. Северна Коре ги напушти разговорите во минатата година и оттогаш постојано тврдеше дека постигнува напредок во развојот на нуклерното оружје. Ваквите тврдења досега немаа независна верификација, но од меѓународната заедница беа примени со голема сериозност. Пред официјалниот почеток на разговорите американската делегација, предводена од помошник државниот секретар Кристофер Хил, одржа поединечни средби со другите учеснички. Притоа беше одржана и ретка тет а тет средба со делеацијата на Северна Кореа.
„Ова е многу, многу важна рунда на шестпартитниот процес и е неопходно навистина да се потрудиме колку што можеме тој да заврши успешно.“

Рече главниот американски преговарач Кристофер Хил, додавајќи дека состанокот со севернокорејските претставници не биле преговори, туку обид на две страни да ги претстават почетните позиции.
XS
SM
MD
LG