Достапни линкови

„Ослободување“ од 1,000 вработени во несуштинските дејности


Владата го донесе планот за дореализација на реформите за ,,ослободување“ на несуштинските дејности од Министерството за одбрана во приватниот сектор. Околу 1000 досега вработени во Министерството, во одделите за хигиена, возниот парк, пералните, угостителските објекти, невоениот имот - се следните кои по приватизацијата на некои дејности во првата фаза, со реформите во согласност со НАТО стандардите, со тендер ќе бидат префрлени во приватни компании со што практично треба да биде извршено намалување на бројот на вработени, соопштуваат од Министерството за одбрана. Ослободувањето од овие дејности и од имотот треба да заврши до 2007, потенцира Јован Бишковски раководител на секторот за недвижности во министерството за одбрана:

„Во делот на конверзијата на имотот, на отстапување на караули и касарни ќе се објави јавен тендер за пренесување на одржувањето на хигиената на заинтересирани субјекти. Се очекува годинава да биде најинтензивна во овој дел.“

Во првиот дел од реформите Министерството за одбрана веќе се „ослободи“ од секторот за продажба односно од кантините во рамки на армиските касарни во целата држава, како и неколку други објекти, вели Бишковски:

„Некаде околу 90 работници од воените кантини, транформиран им е работниот однос во трговските друштва кои ја презедоа оваа услуга.“

Пред реалзиацијата за приватизирање на останатите дејности и имот, самостојниот синдикат на вработените во одбраната упатува сериозни забелешки на работата на приватните компании кои досега имаат преземено дел од дејностите и вработените од Министерството за одбрана:

„Претставникот на Пивара доби на тендер, ама не ги отвори кантините во западна Македонија, така што вработените се ниту на небо ниту на земја,“

изјавува Ристо Ајтов од синдикатот на одбраната. Тој додава дека Синдикатот воопшто не е задоволен од процесот на спроведување на реформите.

„Затоа што и покрај сето она што се става на хартија се бара простор за манипулација со вработените, а од друга страна не сме задоволни ниту од интертноста на министерството,“

заклучува Ајтов. По ослободувањето од несуштинските дејности, имот и персонал во Министерството за одбрана односно Армијата ќе бидат ангажирани само професионалните војници.
XS
SM
MD
LG