Достапни линкови

Трка за упис во средните училишта


Одлуката во која насока да се запишам и во кое училиште е лично моја и родителите не се обидоа да ме разубедат. Мислам дека и на оваа возраст сме доволно зрели за правилно да одлучуваме, велат полуматурантите на првиот уписен рок во средните училишта.

,,На општествено хуманистичка ќе се запишам.”
,,Пробувам, не знам дали сум влезен, меѓународна матура. Специјална паралелка. Методот на работа ми се допаѓа зашто не е класичен.”
,,Јазичен смер, ама во новата германска паралелка.”


Видливо збунети и со доза на страв од она што ги очекува, идните средношколци се надеваат дека ќе се запишат уште во првиот уписен рок.Повеќето од нив се пофалија со одличниот успех во основното образование, за кој како што велат ќе биде пресуден за влез во посакуваното средно училиште.

,,Епа одлична сум и ќе ме примат.”
,,Одличен треба да бидеш, со сите петки.”


Родителите на идните средношколци велат дека не влијаеле врз одлуката на своите деца, но има и такви кои признаа дека се обиделе да дејствуваат во која насока да се запише нивното дете:

,,Одлуката е негова, ќе се запиште јазичен смер. Мислам дека денеска и децата се позрели.”

Некои од полуматурантите велат дека се одлучиле за посакуваната насока поради тоа што била најлесна, а не затоа што вистински ја сакале.

,,Се одлучив за јазично, зашто сакав да ми биде полесно, најлесен е тој смер.”

Според министерството за образованиеи наука, во учебната 2005/2006 година предвидено е да се запишат повеќе од 30 000 ученици.
XS
SM
MD
LG