Достапни линкови

Потрага по лобисти за Македонија


Министерот за надворешни работи на Македонија Илинка Митрева која се наоѓа во работна посета на САД, нема да се сретне со високи претставници на американската администрација. Средбите со повеќе американски конгресмени и сенатори, односно потрагата по лобисти за Македонија се главната цел на посетата на Митрева во Америка. Таа ќе се обиде да ја придобие поддршката од американскиот конгрес за членството на Македонија во НАТО. САД важат за едни од стратешките партнери на Македонија на патот кон НАТО. Тоа се потврди и со потпишувањето на Јадранската повелба во Тирана во мај 2003 година, од страна на тогашниот американски државен секретар Колин Пауел. По објавувањето на анти терористичката кампања на САД, Македонија беше една од земјите која се вклучи активно во оваа борба, со испраЌањето на свои војници во Авганистан, а потоа и во Ирак. Инаку, добрите односи меѓу Македонија и САД уште повеќе се продлабочија во 2004 година, кога САД го признаа уставното име на Македонија. Тоа беше и првата одлука на американскиот претседател Џорџ Буш по започнувањето на вториот претседателски мандат по што следеа бурни реакции од Грција, но и се интензивираа напорите за наоѓање решение на ова отворено прашање во рамките на ОН. Шефот на македонската дипломатија Митрева за време на посетата на САД ќе има и обраќање во меѓународниот институт Вудро Вилсон во Вашингтон, на тема македонскиот пат кон НАТО и ЕУ. Предвидено е во рамките на престојот во САД министерката Митрева да остварри средби и со претстацниви на македонски и албански иселенички организации.
XS
SM
MD
LG