Достапни линкови

Реформите во полицијата охрабрувачки


Според проценките на канцеларијата на спецјалниот преставник на ЕУ во македонија Мајкл Салин по зашвршувањето на вториот мандат на полициската мисија на Унијата проксима во Македонија нема да има потреба од продолжување на истата:

„Проценки се вршат посотојано и во моментов нема планови за продолжување на мандатот по истекот на годинава. Но што и да се случи за време и по проксима ќе биде за поддршка на овој сектор, секако со поддршка на владата,“

изјави Салин.

Шефот на Мисијата Проксима германскиот генерал Јорген Шулз задоволен од досегашните реформи кои се направено од страна на македонската полиција.

„Има охрабрувачки развој во локалната полиција. За добра соработка се многу битни и постоењето на добри односи меѓу партнерите што ние го имаме со МВР и на централно и на локлано ниво. А, и темпото не не изненадува, затоа што тоа е процес што никогаш не завршува, како што не завршил ниту во нашите земји,“

изјави гереалот Шулц кој потенцираше дека оваа мисија помогнале на македонското Министерство за Внатрешни работи во нејзините три столба, Униформираната полиција , крим полицијата и граничната полиција. До крајот на мандатот во декември година оваа мисија планира и низа активности за да помогне на македонската полиција во нејзините реформи.
XS
SM
MD
LG