Достапни линкови

Осудени лица го одлагаат одењето во затвор, а во меѓувреме извршуваат нови кривични дела


МВР работи постапува по судски решенија и кога тоа го налагаат законите, вели портпаролот Горан Павловски коментирајќи ги случаите со Амди Бајрам кој се очекува да биде приведен во текот на денот како и за случајот Верушевски:

„Од судот за Амди Бајрам имаме добиено барање за негово приведување, значи има активна потерница и полицијата презема мерки за негово спровеудвање во затворот во Идризово. Што се однесува до случајот Верушевски уште во петокот беше поднесена кривична пријава против него за физички напад и сеуште се работи на другото дело, односно околу докажување на постоење на нелегално оружје.“

Инаку 18 годишниот син на заменик директорот за безбедност и разузнавање Зоран Верушевски по којзнае кој пат правдината ја зема во свој раце. Пукаше и прободе со нож свој врсник, прегазе пешак и продолжува со дивеење по Скопје, бидејќи досега никој ништо не му може.

„Верушевски сега е пак висок функционер во полицијата и неговото дете не смее да го чепкаат, инаку добро е што барем вие новинарите ја буткате таа работа, затоа што тоа така не смее да продолжи. Од друга страна, претпоставувам дека и луѓето од власта конечно ќе се свестат дека тоа го набљудуваат и луѓето од Европа, ние сакаме да влеземе во Европа, а судот и законите работат за едни, а за други не,“

вели професорот Ѓорѓе Марјановиќ.

Агим Мифтари претседател на Здружението на Судии објаснува како тече судската постапка по одреден предмет доколку биде донесено правосудна одлука:

„Судот дава само извршувањето да се направи, за да се јават во затвор, потоа може да бараат одлагање, а тоа го одлучува претседателот на судот каде што е донесена пресудата, а ако не е задоволен по жалба одлучува претседател на Апелационен суд и тука постапката завршува.“

Но професорот Марјановиќ ги посочува токму судите како главни причина за одлговлекувањето на случаиите и нивната партиска определеност:

„Судиите не се независни, туку партиски избрани. И се додека е така, ние така ќе се однесуваме.“
XS
SM
MD
LG