Вкупно 1434 лица кои се на издржување казна затвор, 633 раселени, болните и изнемоштени лица како и војниците, денеска гласаат во рамки на вториот круг од локалните избори, или пак прегласуваат во согласност од местото на живеење каде поради нерегуларности беше поништен првиот круг гласање.
Инаку во недела, втор круг од изборите, ќе биде одржан во вкупно 57 општини во земјава, а меѓу нив и во седум скопски општини, каде ќе се бираат само општински, но не и градоначалник на Скопје.
„Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аердром, Центар, Кисела Вода и Карпош.“
соопшти Зоран Таневски портпарол на Државната Изборна Комисија.
Во сите други општини во земјава, освен 18-те градоначалници кои беа избрани во првиот круг, ќе има повторување на гласањето. Во Скопје гласањето за првиот изборен круг за општински градоначалници и советници, ќе се повтори во четири избирачки места во скопската општина Шуто Оризари, и на две во Чаир, како и на едно избирачко место во Бутел каде ќе се гласа само за совет на општината. Наспроти повторување на гласањето за општински градоначланици и советници, поради усвоените жалби и приговори првиот изборен круг за градоначалник на Скопје, ќе биде повторен на вкупно седум избирачки места во три скопски општини.
,,За ниво на град Скопје, гласањето се повтрува на седум избирачки места и за градоначалник и за советници и тоа во четири во Шуто Оризари во две во Чаир и во едно во Гази Баба.“
18 градоначалнции во земјава, се избрани уште во првиот изборен круг. Овој пат, процесот на гласање, ќе го следат вкупно 228 набљудувачи на меѓународната мисија на ОДИХР при ОБСЕ додека бројот на домашни монитори изнесува 5 192, од кои во најголем број се од граѓанската асоцијација МОСТ.
,,Граѓанската асоцијација Мост ќе распореди 2,800 набљудувачи во најголемиот дел во статични места ќе бидат распоредени на изборните места.“
вели Славица Биљарска, портпарол на МОСТ.
Оваа невладина организација, овој пат нема да соопштува податоци за освоените гласови на кандидатите за градончалници во изборната трка.
,,Со оглед на тоа дека МОСТ овој пат Пи ви ти програмата ја спорведува само за територија на град Скопје, а во град Скопје има прегласување само на неколку избирачки места а не втор круг овој пат
МОСТ нема да објавува свои податоци и тоа ќе го оставиме евентуално за вториот круг за доколку од тоа има потреба.“
За секакви информации на денот на изборите в недела, граѓаните ќе можат да се јавуваат во министерството за правда и во невладината МОСТ.