Достапни линкови

Бучковски и Муратовски задоволни од првичниот дијалог


Владата и синдкатот се задоволни од начинот на кој се водени денешните преговори и се согласуваат дека дијалогот треба да продолжи. Најдовме заедничко решение за најголемиот дел од прашањата истакнаа премиерот Владо Бучковски и првиот човек на синдикатот Ванчо Муратовски:

„Владата е задоволна затоа што започнува отворен и пријателски дијалог со синдикатот, каде што ќе се респектираат аргументите од владата. Јас не би сакал да создавам лажна претстава дека за два часа разговор може да се решат сите проблеми.“

„Најдовме заедничко решение. Затоа реков дека сум задоволен од тоа како течат првите разговори со владата на Република Македонија. Има прашања за кои нормално владата има различни гледишта од нас, и тоа ќе се разгледува во поединечните разговори кои ќе се водат.“


Премиерот истакна дека владата и синдикатот ги доближиле ставовите по прашањето за реструктуирање на јавниот сектор, додавајќи дека синдикатот ќе преговара и во доменот на реформите на водостопанските претпријатија и трансформацијата на најголемиот загубар „Македонски железници.“

Од друга страна, за Марјан Ристевски претседател на независниот синдикат на Македонски железници, неприфатливо е решението за отпуштање на 750 вработени, особено кога тоа се прави зад затворени врати:

„Никој нас, како синдикат, не не повикал да ни каже по кој критериуми, по кои правила е оваа бројка намалена. Ставот на сите синдикати е дека доколку нема отпремнина од 7,000 евра ќе се стапи во истиот момент во генерален штрајк, ама да почекаме, да видиме кој ќе биде ставот на вработените. Ние сме должни да соопштиме кој е ставот на владата, а последниот збор ќе го имаат самите вработени во „Македонски железници“
XS
SM
MD
LG