Достапни линкови

Што светот може да очекува од Џорџ Буш во наредните четири години?


Во приоритетите на Џорџ Буш во надворешната политика во вториот мандат се вклучени Ирак, Иран и промовирањето на демократијата низ светот.

„Знам дека кога овој свет ќе стане послободен, тој ќе биде и помирољубив.“

Тоа го мисли и неговата советничка за национална безбедност Кондолиза Рајс чија номинација за нов државен секретар чека на одобрување од Сенатот

„Америка и слободниот свет уште еднаш се вклучeни во долгорочна битка против идеологијата на омраза, тиранија, терор и безнадежност. Ние мора да им се спротивставиме на тие предизвици со истата визија и храброст што доминираше по Втората светска војна.“

Руел Герехт е поранешен специјалист за Блискиот Исток во ЦИА. Според него, инсистирањето на ширење на демократијата во светот е голема промена во американската политика. Поранешната практика на поддржување на диктаторите помагаше во развојот на радикалниот исламизам на Блискиот Исток што пак придонесе за терористичките напади врз Америка, вели Герехт.

„Ако го споредувате тоа со претходните американски администрации кои во многу беа незагрижени за поврзаноста меѓу диктаторите, автократите и исламските екстремисти тогаш одговорот е јасен: Мислам дека има фундаментално поместување на американската надворешна политика и така ќе биде и во наредниот период.“

Но како? Дали Вашингтон ќе се држи до дипломатијата и доларите за да ги протресе општетства не само на Блискиот Исток, туку и во поранешниот Советски Сојуз. Или пак тоа ќе биде со употреба на сила. Ѓаволот е во деталите, односно ситауацијата е покомплицирана од она што изгледа, например со Иран. Герехт кој е познат како неоконзервативец вели дека администрацијата се уште не решила што да преземе околу ова прашање. Сепак тој и со очекување:

„Би рекол дека ќе почнете да гледате како се повеќе луѓе во админситарцијата говорат за превентивни воени напади бидејќи дипломатските напори на Европската Унија нема да бидат многу ветувачки.“

Конзервативецот Рејмон Тантер не го дели ваквото мислење и е на став дека администрацијата ќе работи на сменување на иранскиот режим на долг период.

„Најпрвин тие ќе ја изземат најголемата иранска опозициона група Муџахедин Калк од листата на терористички организации на Стејт департментот. Ќе и го вратат оружјето, таа група инаку, сега е стационирана во Ирак, по што ќе почне притисокот врз иранскиот режим.“

Покрај прашањето со Иран, на Вашингтон му останува и она за подобрување на однсоите со Европската Унија. Буш во идниот месец ќе ја посети Европа. Некои експерти сметаат дека тоа што Европа е одбрана за прва посета на Буш во вториот мандат покажува оти Вашингтон е подготвен за надминување на разликите.
XS
SM
MD
LG