Достапни линкови

Зголемен интерес на женското лоби за поголемо учество на жените во локалната власт


Во пресрет на мартовските локални избори 2005-та расте инетерсот на женското лоби како до поголемо учество на жените во локалната власт. На последните локални избори 2000-та од 123 градоначалници само три жени станаа градночалнички. Сојузот на организии на жените на Македонија веќе најавува во соработка со ОБСЕ декларација која ќе им биде понудена на сите лидери на политичките партии:

„Во која ќе ги позиционираме и местата на жените на оние кои ќе бидат добитни, во смисол да може вистински и да бидат избрани,“

вели Савка Тодоровска, претседател на Организацијата на жените.

Градоначалничката на сопската опшптина Центар Виолета Аларова една од трите градоначалнички во Македонија, која на Скопје меѓу другото му се претстави со новиот обновен лик на централната улица Македонија, вели дека е задоволна од она што таа го постигна во својата општина, што според неа е доказ дека жените можат да направат дури и повеќе на локално ниво:

„Ние навистина дадовме белег на својата територија во изминатите четири години, со многубројните проекти и со неуморната работа. Работевме двојно повеќе од мажите.“

Сание Садику во 2000-та стана градоначалничка на општина Осломеј, иако е засега бројот на жените градоначалнички е симоболичен, сепак го издигна демократското ниво, вели Садику, која смета дека направила многу во контактите со граѓаните и подобрување на нивото на граѓаните во општина Осломеј

„Приоритет ни беше снабдување на населението со вода за пиење. Во овие четири години се реализирани пет проекти за водоснабдување. Исто така имаме реконструкции на училишта, патишта, изградба на патишта.“

Тодоровска најавува дека прбвиот чекор е постигнат со законот за локални избори каде 30 насто на листите на партиите се засдтапени токму жените, следната битка за која ке се бориме вели таа е да ја подобриме позицијата на жените на тие листи:

„Позицирање на жените, секое трето место на листата и 30 насто од листите да бидат жени носителки. Како и одредени општини да бидат жени предложени за кандидати за градоначалници.“
XS
SM
MD
LG