Достапни линкови

Партиската конфронтација неизбежна


Меѓупартиска конфронтација, напаѓање и меѓусебно обвинување, слично на предизборните кампањи, наместо задржување на граѓанскиот концепт што всушност е главниот карактер на иницијативата за изјаснување за територијалната организација, ова е и впечатокот, но и оценката на експертите за досегашниот тек на референдумската кампања, која стартуваше пред точно една недела:

„Лесно беше да се претпостави дека ќе почнат не само политички препукувања и излегување од контекст на она што е предмет на референдумот, птоширување на целата дебата и обид да се профитира низ таа меѓупартиска конфронтација.“

објаснува профессор Биљана Ванковска.

Од таа причина велат експертите, што поскоро учесниците во кампањата треба да се ослободат од политичката димензија во пристапот кон граѓаните.

„Навистина е контрапродуктивно и намипулативно ако граѓаните се стават во ситуација низ прашањето за референдум да размислуваат, всушност, за своите политички афилиации.“

потенцира Ванковска.

И иницијаторите на референдумот, Светскиот македонски конгрес сметаат дека кампањата добива политичка конотација меѓу опонентите, но оттаму изјавуваат дека граѓаните сепак ги добиваат потребните информации околу законското решение:

„Неодминлив е впечатокот дека има и политичка конотација во анимацијата на граѓаните, меѓутоа референдумот во секој случај е настан број еден во државава и за очекување е дека не може да го одбегнат ривалитетот.“

вели Тодор Петров.

Наспроти оценките, партиите од опозцијата вклучени во караванот како и владеачката коалиција, тврдат дека приоритет во целата акција сепак имаат граѓаните во остварување на највисокото демократско право-референдумот, а не партискиот маркетинг:

„Тоа е опција што деновиве ја протежира владеачката коалиција во Репулбика Македонија. Караваните на здружената опозиција и интелектуалците кои настапуваат, настапуваат исклучиво како граѓани на Република Македонија..“

„Впечаток е дека здружената опозиција се нарекува здружена, само поради една причина, тоа е гола борба за власт и ја злоупотребува оваа граѓанска иницијатива.“

изјавуваат портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, Александар Бичиклиски и Борис Кондарко.
XS
SM
MD
LG