Достапни линкови

Неопходен дијалог за клучните прашања


Отворени писма, оставки или барање за разреШување во име на потребата од акција со парола земјата е во прашање, се дел од македонското културно миље деновиве. Практично македонските интелектуалци, уметници писатели не останаа настрана од актуелното дебатирање предизвикано од жешката тема за рефередумот и новата територијална организација. Тоа го актуелизира старото прашање за улогата и ангажманот на интелектуалците И нивниот однос кон политиката

„Кај нас немаме некоја многу строга поделба на едниот и другиот фактор. Голем број од интелектуалците се директно инволвирани во системски решавања и обратно – има дел од нив кои се обидуваат да останат настрана, но тоа за жал не е возможно во вакви моменти“

вели председавачот на Друштвото на независните писатели Елизабета Шелева.

Публицистот Данило Коцевски , пак, оценува: интелектуалецот не може да остане настрана од се она што се случува:

„Секој интелектуалец кај нас, посебно во сегашниве актуелни мигови, е посебно повикан да реагира на се она што се случува околу него и она што се случува во општеството“


Но, интелектуалците во макеоднија последниве години се под постојан обид за деградација која за свое извориште ја има политиката што со години ги купуваше расподаваше и злоупотребуваше констатира Коцевски

„Интелигенцијата која се регрутира од средната класа, на извесен начин беше доведена во прашање со години – материјално, па да не речам во извесна смисла и духовно. Власта, можеби, тенденциозно го осиромашуваше интелектуалецот. Сиромашниот интелектуалец мора да биде сервилен, да биде подложен на разни манипулации, а тоа токму се случуваше кај нас во последно време“


А деструирана интелегенцијата се потешко се обединува околу една идеја додава тој

„Последниве неколку години околу која заедничка идеја се обединија македонските интелектуалци? Околу ниедна.


Сепак тоа не значИ дека дијалогот И отвореноста кон инатектуалната мисла треба да замолкнат оценува шелева

„Тоа што се наоѓаат во два различни сектора, не ги спречува интелектуалците од една страна и политичарите од друга страна да поведат вистински дијалог за добро на овој свет и онаа средина во којашто живеат.Таков вид дијалог не би требало да се разбере како нешто што загрозува“
XS
SM
MD
LG