Достапни линкови

Сеуште нема официјални вести за состојбата на киднапираните и барањата на киднаперите


Во отсуство на официјални вести за состојбата на тројцата киднапирани македонски работници во Ирак владата денеска ја разгледува информацијата на министерството за надворешни работи за досега сработеното и евентуалните идни чекори во насока на ослободување на Далибор Лазаревски, Зоран Насковски И Драган Марковиќ, што во август се киднапирани во близина на Багдад. Засега никој во надлежните инситуции не сака да соопшти што се планира како ангажман за ослободување на македонските работници. Се се сведува на изјава на портпаролот на министерството за надворешни Душко Узунов:

„МНР и понатаму продолжува, како што тоа го правеше и досега, да најде што е можно повеќе информации околу тројцата киднапирани Македонци во Ирак.“

Во координатиовното тело формирано за таа цел кое е предводено од заменик министерот за надворешни Фуад Хасановиќ се вклучени и претставници на македонските безбедносни служби, агенцијата за разузнавање, управата за безбедност и контраразузнавање, секторот за безбедност и разузнавање при министерството за одбрана и МВР. Според министерството за надворешни нашите безбедносни структури веќе воспоставиле контакти со своите колеги од други држави што се наоѓаат во Ирак. Слични контакти воспоставија и членовите на центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци. Претседателот на оваа невладина организација Владо Димовски вели дека од контактите со нивните колеги што работат во Багдад со сигурност се знае:

„Дека тие се здрави и живи и во моментов се преговара за нив.“

Димовски не може да ги потврди медиумските информации за барање откуп од 300 илјади до милион долари за нивно ослободување. Таква потврда нема ниту од МНР.
XS
SM
MD
LG