Достапни линкови

Рокови нема, Министерството за правда сеуште врши проверки


Списоците со собраните потписи за свикување референдум сеуште се проверуваат во Министерството за правда. Тие мора да се исчистат од лицата кои се потпишале по два пати и не се работи за никакво одолговлекуање на процедурата, велат од министерството за правда.

Иницијаторот за собирање потписи Тодор Петров од Светскиот македонски Конгрес, се надева дека утре ќе бидат подигнати обрасците од ресорното министерство. Тодор Петров како што најави веќе поднел нова криична пријава против министерот за правда Иџет Мемети поради злоупотреба на службената должност:

„Заради преземање дејствие, недозволени со законот, и во време надвор од законски утврдениот рок 25 август.“

Од Министерството за правда пак велат дека нема законки определен рок до кога треба да ги проверат и исчистат списоите од собраните потписи:

„Нема законски рокови, во законот не постои рок, во којшто министерството би требало да ги предаде,“

изјави портпаролот на министерството за правда Мира Илева. Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски за Слободна Европа изјави дека Собранието мора пред 11 сепмтемви да одржи седница на која ќе се закаже датумот за одржување референдум и да се измени постоечкиот закон за локални избори

„Ја знам датата, до којашто мора да дојде законот за локални избори и негово одлагање, а тоа е 11 септември. Бидејќи, по сегашниот закон за локални избори јас треба да ги распишам изборите. Што значи, пред 11 септември, мора да бидат од владата доставени тие измени, за одлагање на локалните избори и планирам нормално, на таа седница, на којашто ќе се дискутира, да се донесе и одлуката за распишување референдум.“

Нејасно единствено останува процедурата ќе се гласа иле не а закажување на референдумот:

„Сеуште и мене не ми е до крај јасно, иако имам свој став, којшто е логички изведен. Ако нешто е задолжително, јас сметам дека само треба да се констатира дека се исполнети услови. И затоа сега правам консултации со правните експерти, да видиме кои се нивните ставови, бидејќи и таму има поделеност.“
XS
SM
MD
LG