Достапни линкови

Случаите заплеткани во судските лавиринти


Префрлувањето на вината од еден на друг, е често практикувана ситуација кога станува збор за нерешени проблеми во македонските инстиуции. Тоа се случува и деновиве кога топката мегусебно си ја префрлуваат судската власт и Министерството за внатрешни работи, околу неколку нерешени проблеми од областа на организираниот криминал. Случаите Тица, нерешениот судски процесс Карлито Бриганде, случајот со апсењето па ослободувањето на т.н. Командант Баци, поради неефикасното судство и „успешното“ искористување на празнините во законите од една страна и нерешените потерници од МВР од друга, овие лица сеуште се наоѓаат на слобода, а случаите се без завршница.


„Сигурно тука веќе има и поединечни пропусти и кај нас во судството, но не е само вината во судството и судиите, туку и кај органите за прогон и органите за откривање.“

„Секаде каде што има поднесено барање од страна на судот, односно Министерството за правда за пронаоѓање на одредени лица, ние постапуваме по тие барања,“

Изјавуваат Агим Мифтари, претседател на здружението на судии, и Борче Пешевски од МВР.

Се додека „царува“ поткупливоста и практикувањето на партиската припадност во судската власт, што досега се покажа како пракса, според професоротот Ѓорѓе Марјановиќ, ќе постојат неразрешени случаи.

„Мислам дека работите одат се полошо и полошо, затоа што ниту едните, ниту другите не знаат ништо друго, освен партиска верност,“

вели Марјановиќ.

Дополнителна причина е и непостоењето на силни контролни механизими во судството за одредување на одговорност при заташкувањето на случаите.

„Во конкретниот случај за посочените случаи, водиме постапки за судиите за Баци од Скопје и за Карлито Бриганде, за судиите од Дебар, за нестручно и несовесно водење постапка, така што постапките се во тек.“

тврди Заменик претседателот на РСС Абдулселам Канзовски.

Правните експерти на крајот оценуваат дека македонските институции би требало да се ослободат од мешањето на етничката припадност во разрешувањето на случаите.
XS
SM
MD
LG