Достапни линкови

Повторно актуелен проблемот со сместување на студентите од внатрешноста


Во пресрет на новата школска година повторно се актуелизира проблемот на сместување на студентите од внатрешноста во некој од студентските домови во Скопје. Искуствата на оние што бараат слободно место во голем дел зборуваат за неуспешен епилог. Еден таков е примерот на Илија Бруцош на природно математичкиот факултет во Скопје

„Пробав насекаде, ме одбија.”

Според Илија исклучок од овој пример за кој зборува може да се случи доколку кандидатот кој конкурира за сместување е близок до одредена политичка партија. Таквите сомневања ги делат поголем број од студентите што како него не успеале да добијат соба во некој од студентските домови. Во таа смисла неговиот колега Златко вели:

„Има преголемо партиско влијание и најголемиот дел од собите што се делат, се делат по партиски клуч и мора да се има големо партиско влијание да се добие таква соба.”

Овие посочувања на кои укажуваат студентите од внатрешноста не се нови и тие се актулизираат неколку години по ред со почетокот на школската година кога минситерството за обрзование распишува конкурс за пример на кандидати во домовите.

Вообичаено тие укажувања пак во минситерството се отфрлаат како тенденцизни и невистинити. Ѓорѓи Ѓуровски управител во еден од студентските домови во Скопје вели дека домовите се одговорни за квалитетот на сместувањето што во нив се нуди, а не за кандидатите што ќе добијат соба во таа смисла објаснува:

„Тоа е стратегија и политика на министерството за образование. Ние како управници добиваме списоци, а што се случува таму, јас не можам да ви кажам. Ниту можам да потврдам, ниту да демантирам.”

Во меѓувреме студентските домови се соочуваат со сосптвени проблеми. Не ретко оние што успеале да добијат сместување по пат на конкурс во некој од нив собата ја препродаваат за неколку пати повисока сума. Такво искуство го потврдуваат и во студентските домови, но велат оти тешко е да се застане на патот на таквата пракса:

„Ние се обидуваме да ги фатиме, тие се обидуваат да избегаат и така, кого ќе фатиме му се одзема местото.”

Илија вели дека таквата пракаса во студентските домови е стара колку и овие институции, но дека тоа се искуства за кои што слушнал. По неуспешниот обид да добие соба во некој од скопските домови тој од неодамна е потстанар во скопската населба Аеродром каде што за кирија плаќа 200 евра. Вели оти е свесен оти тоа е висиока сума што треба да ја плаќаат неговите родители што живеат во вантрешноста, но тое е изборот што му престанува.
XS
SM
MD
LG